Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

македонски

Стражарска кула  |  Бр. 2, 2017

 ТЕМА ОД НАСЛОВНАТА | ЌЕ ГО ПРИФАТИШ ЛИ НАЈГОЛЕМИОТ ДАР ОД БОГ?

Неспоредлив дар

Неспоредлив дар

БРОТЧЕТО што го држи Џордан можеби и нема некоја вредност. Но, за него е бесценето. Тој вели: „Расел, кој ни беше куќен пријател, ми го подари кога бев многу мал“. После смртта на Расел, Џордан дознал колку овој човек направил за дедо му и за неговите родители и дека ги тешел во тешки моменти. „Откога ги дознав овие работи за Расел, овој мал подарок доби многу поголема вредност.“

Овој пример покажува дека за некого, еден подарок може да нема некоја посебна вредност. Но за оној што го добил, може да биде бесценет. Библијата зборува за еден бесценет дар. Во неа пишува: „Бог толку многу го сакаше светот што го даде својот единороден Син, за секој што верува во него да не биде уништен, туку да има вечен живот“ (Јован 3:16).

Замисли, подарок што може да значи вечен живот за оној што ќе го прифати! Зар постои поголем подарок? За некои, тој нема никаква вредност, но за вистинските христијани е драгоцен (Псалм 49:8; 1. Петрово 1:18, 19). Но, зошто Бог го дал животот на својот Син како подарок за човештвото?

Одговорот го наоѓаме во следниве зборови на апостол Павле: „Преку еден човек гревот влезе во светот и преку гревот смртта, и така смртта се прошири на сите луѓе“ (Римјаните 5:12). Првиот човек, Адам, згрешил така што свесно не го послушал Бог. Како резултат на тоа, бил казнет со смрт. Преку Адам, смрт наследиле сите негови потомци — целото човештво.

„Платата за гревот е смрт, а дарот што го дава Бог е вечен живот преку Христос Исус,  нашиот Господар“ (Римјаните 6:23). За да го ослободи човештвото од ропството на смртта, Бог го испратил на Земјата неговиот Син, Исус Христос, за да го жртвува својот совршен живот за луѓето. На темел на оваа жртва што служи како откупнина, сите што имаат вера во Исус ќе добијат вечен живот (Римјаните 3:24).

Во врска со благословите што Бог ни ги дава преку Исус Христос, апостол Павле рекол: „Му благодариме на Бог за неговиот неопислив дар!“ (2. Коринќаните 9:15). Откупнината е толку голем дар што не може потполно да се опише. Но, зошто може да се каже дека од сите Божји дарови, овој дар е најголем? По што се издвојува? * Како можеме да покажеме благодарност? Во следните две статии ќе дознаеш каков одговор дава Библијата на овие прашања.

^ пас. 8 Исус спремно го дал животот за нас (1. Јованово 3:16). Но, бидејќи оваа жртва е дел од Божјата намера, во овие статии ќе се зборува повеќе за тоа што направил Бог за да ни го даде овој дар.