Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

македонски

Стражарска кула  |  Бр. 2, 2017

Исус ја излекувал тештата на Петар (Матеј 8:14, 15; Марко 1:29-31).

Дали целибатот има библиска основа?

Дали целибатот има библиска основа?

ВО МНОГУ религии во светот — римокатоличката црква, некои православни цркви, будизмот и други — од верските водачи и од свештениците се бара да дадат завет за целибат. Од друга страна, многу луѓе мислат дека токму целибатот е главна причина за сексуалните скандали со свештеници од разни религии за кои сѐ почесто слушаме во медиумите.

Затоа, логично е прашањето: Дали целибатот има библиска основа? За да најдеме одговор на ова прашање, да разгледаме од каде потекнува целибатот, како се раширил и како гледа Бог на овој обичај.

ЦЕЛИБАТОТ НИЗ ИСТОРИЈАТА НА РЕЛИГИЈАТА

Според Encyclopædia Britannica, целибат е „безбрачност, воздржување од сексуални односи, обично заради свештеничка должност или оддаденост кон Бога“. Во едно свое обраќање пред Римската курија * во 2006 год., папата Бенедикт XVI го поврза задолжителниот целибат со „една традиција што датира од времето по апостолите“.

Меѓутоа, христијаните од првиот век не давале завет за целибат. Всушност, апостол Павле, кој живеел во првиот век, ги предупредил верниците да се пазат од луѓе кои ќе шират „заведувачки вдахновени објави“ и ќе „забрануваат брак“ (1. Тимотеј 4:1-3).

Во вториот век, целибатот навлегол во „христијанските“ цркви од кои подоцна настанала католичката црква. Според книгата Целибатот и верските традиции (Celibacy and Religious Traditions), причината била тоа што  меѓу Римјаните станувало популарно да се воздржуваат од сексуални односи.

Во вековите што следеле, црковните собори и таканаречените црковни отци застапувале свештенички целибат. Според нив, сексуалните односи биле нечисти и затоа несоодветни за едно свештено лице. Сепак, како што стои во Encyclopædia Britannica, „сѐ до 10 век многу свештеници, па дури и некои бискупи, сѐ уште се женеле“.

Официјално, целибатот за свештенството бил воведен на Латеранските собори во 1123 год. и 1139 год., кои се одржале во Рим. Римокатоличката црква го задржала ваквиот став до ден-денес. Со оваа мерка, црквата ги заштитила моќта и приходите затоа што оженетите свештеници по смртта оставале црковен имот во наследство на своите деца.

КАКО БОГ ГЛЕДА НА ЦЕЛИБАТОТ

Бог јасно ни кажал што мисли за целибатот во својата Реч, Библијата. Во неа неговиот Син, Исус, зборувал за оние што, како него, не стапувале во брак „заради царството небесно“ (Матеј 19:12). И апостол Павле кажал дека некои христијани се угледале на него и избрале да не стапуваат во брак „поради добрата вест“ (1. Коринќаните 7:37, 38; 9:23).

Но, ниту Исус, ниту Павле не заповедале целибат. Исус кажал дека самештвото е „дар“ кој го немаат сите негови ученици. Иако Павле зборувал пофално за самештвото, тој понизно признал: „Немам заповед од Господарот, туку изнесувам свое мислење“ (Матеј 19:11; 1. Коринќаните 7:25).

Библијата исто така зборува за многу христијански надгледници од првиот век кои биле женети, како што бил апостол Петар (Матеј 8:14; Марко 1:29-31; 1. Коринќаните 9:5). Бидејќи кај Римјаните од тоа време неморалот бил многу раширен, Павле кажал дека ако еден христијански надгледник е женет, треба да „има само една жена“, а „децата треба да му бидат послушни“ (1. Тимотеј 3:2, 4).

Ова не биле целибатни бракови бидејќи во Библијата јасно пишува дека мажот треба да „ја исполнува брачната должност спрема жената“ и дека брачните партнери не треба да се лишуваат себеси од сексуални односи (1. Коринќаните 7:3-5). Од ова јасно се гледа дека целибатот не е од Бог и дека не е задолжителен за христијанските надгледници.

ПОРАДИ ДОБРАТА ВЕСТ

Но, ако целибатот не е задолжителен, зошто Исус и Павле зборувале позитивно за самештвото? Оние што не се во брак можат во поголема мера да учествуваат во проповедањето на добрата вест. Тие можат да дадат повеќе бидејќи ги немаат грижите што ги носи брачниот живот (1. Коринќаните 7:32-35).

Давид, кој живеел во Мексико Сити, имал добро платена работа. Но дал отказ и се преселил во едно село во Костарика за да ги поучува другите за Библијата. Дали тоа што Давид не е во брак му помогнало да ја исполни оваа цел? „Апсолутно“ вели тој. „Бидејќи требаше да се грижам само за себе, ми беше полесно да се навикнам на новата средина и новите животни услови, иако во почетокот не ми беше лесно.“

Клаудија, која исто така не е во брак, се селела на места каде што нема многу луѓе кои би ги поучувале другите за Бог. Таа вели: „Службата за Бог ми носи многу радост. Кога гледам како тој се грижи за мене, многу се зајакнува мојата вера и моето пријателство со него“.

„Без разлика дали си во брак или не, вистински среќен ќе бидеш само ако го даваш твоето најдобро за Јехова Бог“ (Клаудија)

Самештвото не мора да биде товар. Клаудија додава: „Без разлика дали си во брак или не, вистински среќен ќе бидеш само ако го даваш твоето најдобро за Јехова Бог“ (Псалм 119:1, 2).

^ пас. 5 Административно тело на Римокатоличката црква.

Нешто повеќе

НАЈЧЕСТО ПОСТАВУВАНИ ПРАШАЊА

Дали Јеховините сведоци имаат правила за љубовните врски?

Дали љубовните врски се чисто за забава или нешто посериозно?