Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

македонски

Стражарска кула  |  Бр. 2, 2017

 ТЕМА ОД НАСЛОВНАТА | ЌЕ ГО ПРИФАТИШ ЛИ НАЈГОЛЕМИОТ ДАР ОД БОГ?

Како да покажеме благодарност за најголемиот дар од Бог

Како да покажеме благодарност за најголемиот дар од Бог

„Христовата љубов нѐ тера... Тој умре за сите, за оние што живеат да не живеат повеќе за себе, туку за него, кој умре за нив“ (2. Коринќаните 5:14, 15).

КОГА некој ќе ни подари нешто посебно, тоа би требало да нѐ поттикне да му покажеме благодарност. Ова го нагласил Исус кога излекувал 10 луѓе кои имале тешка болест што во тоа време била неизлечива. Библијата вели: „Еден од нив, кога виде дека е излекуван, се врати, славејќи го Бога на сиот глас“. Исус го прашал: „Зарем не се исчистија десетмина? Каде се тогаш останатите деветмина?“ (Лука 17:12-17). Овој пример покажува дека многу брзо може да им го заборавиме доброто на другите.

Откупнината е најголемиот подарок што некогаш бил даден — подарок кој не може да се спореди со ниту еден друг. Како можеш да му покажеш благодарност на Бог за она што го направил за тебе?

  • Запознај го Бог. Откупнината не носи вечен живот автоматски. Напротив, во една своја молитва до Бог, Исус рекол: „А за да добијат вечен живот, треба добро да те запознаат тебе, единствениот вистински Бог, и оној кого го испрати, Исус Христос“ (Јован 17:3). Ако дознаеш дека некој човек ти го спасил  животот кога си бил дете, нема ли да сакаш подобро да го запознаеш тој човек и да дознаеш зошто те спасил? Јехова Бог, кој ја дал откупнината што овозможува вечен живот, сака да знаеш кој е тој. Но не останува само на тоа — тој сака да станеш близок со него. Светото писмо нѐ поттикнува: „Приближете му се на Бог, и тој ќе ви се приближи вам!“ (Јаков 4:8).

  • Верувај во откупнината. „Кој верува во Синот, има вечен живот“ (Јован 3:36). Но, верата вклучува и дела (Јаков 2:17). Со какви дела се покажува вера во откупнината? Еден дар станува твој само ако го прифатиш. Значи, мора да ја прифатиш откупнината. Како? Ако дознаеш што бара Бог од тебе, а потоа живееш во склад со тоа. * Моли го Бог за прошка и за чиста совест. Биди потполно убеден дека секој што верува во откупнината ќе може засекогаш да живее во свет во кој ќе владее мир, сигурност и среќа! (Евреите 11:1).

  • Дојди на годишнината од смртта на Исус. Исус заповедал да се одбележува овој годишен настан за да се сеќаваме на откупнината. Тој рекол: „Правете го ова за мој спомен!“ (Лука 22:19). Јеховините сведоци ќе ја одбележат смртта на Исус во вторник на 11 април 2017, по зајдисонце. Овој настан ќе трае околу еден час. Ќе има предавање во кое ќе биде објаснето колку е важна смртта на Исус и какви благослови може да имаме сега и во иднина благодарение на откупнината. Минатата година, низ целиот свет на годишнината од смртта на Исус присуствуваа околу 20 милиони лица. Срдечно си поканет да дојдеш и заедно да покажеме благодарност за најголемиот дар од Бог.

^ пас. 7 Најдобриот начин да го запознаеш Бог и да станеш близок со него е така што ќе ја проучуваш неговата Реч, Библијата. За да дознаеш како, зборувај со некој Јеховин сведок или посети ја нашата интернет-страница www.jw.org/mk.