Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

македонски

Стражарска кула  |  Бр. 1, 2016

Што вели Библијата?

Што вели Библијата?

Што се случува откако ќе умреме?

НЕКОИ ЛУЃЕ ВЕРУВААТ дека продолжуваме да живееме во некој друг облик, а други, пак, сметаат дека смртта е крај на сѐ. Што мислиш ти?

ШТО ВЕЛИ БИБЛИЈАТА

„Мртвите не се свесни за ништо“ (Проповедник 9:5). Откако ќе умреме, повеќе не постоиме.

ШТО ДРУГО УЧИМЕ ОД БИБЛИЈАТА

  • Откако умрел, првиот човек, Адам, се вратил во земниот прав (1. Мојсеева 2:7; 3:19). Исто како него, сите што умираат на крајот стануваат прав (Проповедник 3:19, 20).

  • По смртта, на луѓето им се простуваат гревовите, односно се ослободени од нив (Римјаните 6:7). Откако ќе умреме, Бог не нѐ казнува за нашите гревови.

Можно ли е мртвите повторно да живеат?

ШТО БИ ОДГОВОРИЛ?

  • Да

  • Не

  • Можеби

ШТО ВЕЛИ БИБЛИЈАТА

„Бог ќе ги воскресне и праведните и неправедните“ (Дела 24:15).

ШТО ДРУГО УЧИМЕ ОД БИБЛИЈАТА

  • Библијата често ја споредува смртта со спиење (Јован 11:11-14). Бог може да ги разбуди умрените, исто како што ние можеме да разбудиме некој што спие (Јов 14:13-15).

  • Во Библијата се запишани неколку воскресенија, што ни дава цврста основа да веруваме дека мртвите ќе оживеат (1. Царевите 17:17-24; Лука 7:11-17; Јован 11:39-44).

 

Нешто повеќе

ШТО НАВИСТИНА УЧИ БИБЛИЈАТА?

Каде се мртвите?

Дознај што вели Библијата за тоа каде се мртвите и зошто луѓето умираат.

РАЗБУДЕТЕ СЕ!

Што вели Библијата за смртта?

Што се случува кога некој ќе умре? Има ли надеж повторно да ги видиме нашите блиски што починале? Прочитај што вели Библијата за смртта.