Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

македонски

Стражарска кула  |  Бр. 1, 2016

 ТЕМА ОД НАСЛОВНАТА | ЗОШТО ДА СЕ БИДЕ ЧЕСЕН?

До што води нечесноста?

До што води нечесноста?

„Секогаш има тешки ситуации кои можат да се решат со само малку нечесност“ (Саманта, Јужна Африка).

Дали се согласуваш со оваа изјава? Исто како Саманта, секој од нас се нашол во тешка ситуација. Од начинот на кој ќе постапиме кога сме под притисок да направиме нешто нечесно ќе се види какви се нашите морални вредности. На пример, ако ни е најважно што ќе мислат другите за нас, тогаш најверојатно на нечесноста ќе гледаме само како на лесен излез од тешка ситуација. Но, кога вистината ќе излезе на виделина, нечесноста ќе си донесе последици. Да видиме некои од нив.

НЕЧЕСНОСТА ЈА УНИШТУВА ДОВЕРБАТА

Секој однос се гради врз основа на доверба. Кога двајца имаат доверба еден во друг, се чувствуваат сигурно и заштитено. Но, довербата не се стекнува прекуноќ. Таа се гради преку дружење, искрен разговор и несебични постапки. Меѓутоа, доволна е само една нечесна постапка за довербата да се изгуби. А откако еднаш ќе се изгуби, многу тешко се враќа.

Ти се случило ли да те излаже некој што си го сметал за близок пријател? Како се чувствуваше? Веројатно повредено, па дури и изневерено. Таквите чувства се нормални. Нема сомнение дека нечесноста може да раскине блиски врски.

НЕЧЕСНОСТА РАЃА НЕЧЕСНОСТ

Едно истражување што го спровел Роберт Инес, професор по економија при Универзитетот Калифорнија, покажало дека „нечесноста е заразна“. Може да се каже дека таа е слична на вирус — колку повеќе си во контакт со некој што е нечесен, толку поголема е опасноста и ти да се „заразиш“ со нечесност.

Како да ја избегнеш замката да станеш нечесен? Во тоа може да ти помогне Библијата. Да разгледаме неколку библиски начела.