Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

македонски

Стражарска кула — издание за проучување  |  април 2016

Прашања од читателите

Прашања од читателите

Што претставуваат „залогот“ и „печатот“, кои секој помазан христијанин ги добива од Бог? (2. Кор. 1:21, 22; Превод на МПЦ).

Во минатото, документите се заверувале така што се притискал печатен прстен врз глина или восок

Залог: Според еден прирачник, грчкиот збор преведен со „гаранција“ во 2. Коринќаните 1:22, односно со „залог“ во Преводот на МПЦ, бил правен и економски стручен израз кој значел „прва рата, депозит, или капар“. Со други зборови, залогот бил дел од сумата што некој однапред го плаќал за да добие законско право на нешто или за да ја потврди полноважноста на одреден договор. Според 2. Коринќаните 5:1-5, како целосна плата, односно награда, помазаниците ќе добијат нераспадливо небесно тело и бесмртност (1. Кор. 15:48-54).

На современ грчки јазик се користи сличен израз за свршенички прстен. Ова е соодветна споредба за оние што ќе ја сочинуваат симболичната невеста на Христос (2. Кор. 11:2; Отк. 21:2, 9).

Печат: Во минатото, наместо потпис се користел печат како доказ за сопственост, веродостојност или согласност. Бог потврдува дека помазаниците се негова сопственост со тоа што симболично ги запечатува со својот свет дух (Еф. 1:13, 14). Сепак, овој печат не е траен. Секој помазаник што ќе му остане верен на Бог ќе го добие конечното запечатување или некое време пред да умре или кратко пред да започне големата неволја (Еф. 4:30; Отк. 7:2-4).