Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

македонски

Разбудете се!  |  Бр. 5, 2017

Градот Астана

 ЗЕМЈИ И НАРОДИ

Во посета на Казахстан

Во посета на Казахстан

КАЗАСИТЕ во минатото биле номадски народ. Но, и денес некои сточари ги водат своите стада на различни пасишта во зависност од сезоната. Тие го минуваат летото на планинските ливади, а во зима ги спуштаат стадата во низините на потопло.

Некои Казаси живеат во современи, развиени градови. Сепак, многу нивни обичаи, јадења и ракотворби го одразуваат номадскиот живот на нивните предци. Поезијата, песните и музиката што се свири на локални инструменти се дел од богатото културно наследство на овој народ.

Јуртите — традиционално место за живеење кое може лесно да се пренесе од едно место на друго —  се симбол за живеење на човекот во хармонија со природата. Сточарите сѐ уште живеат во јурти, а жителите на современите градови честопати ги користат јуртите за посебни прилики. Исто така, јуртите служат како атрактивно преноќиште за туристи. Внатрешниот дел е вистинско ремек-дело, изобилувајќи со најразлични везови, ткаенини и килими, кои се дело на вредните раце на домаќинките.

Внатре во јурта

Казашките семејства кои живеат во рурални подрачја многу ги ценат коњите. На казашки има најмалку 21 збор за коњ, секој со различно значење, како и над 30 зборови и изрази за да се опише бојата на коњот. Еден добар коњ сѐ уште е скап и ценет подарок. Децата во селата учат да јаваат уште од мали.

Месото е неизбежен дел од традиционалните казашки јадења, кои обично не се многу зачинети. Меѓу омилените пијалаци се кумис, кој се прави од млеко од кобила и се смета за многу здрав, како и хранливиот и киселкаст шубат, кој се прави од млеко од камила.

Подружницата на Јеховините сведоци во Казахстан се наоѓа во Алмати и е отворена за посетители.

Импресивниот снежен леопард кој живее во Казахстан го минува летниот период високо на планините