Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

македонски

Разбудете се!  |  Бр. 5, 2016

 ПОГЛЕД ВО СВЕТОТ

Америка во фокус

Америка во фокус

Некои вести од Западната хемисфера ја потврдуваат вредноста на безвременската мудрост од Библијата.

Поретко проверување имејл — помалку стрес?

Луѓето може да го намалат стресот ако ја проверуваат својата електронска пошта само трипати дневно наместо многу често, вели едно истражување спроведено во Ванкувер (Канада). Костадин Кушлев, кој го водел истражувањето, во врска со тој заклучок вели: „Не е лесно да се спротивставиш на искушението да го провериш имејлот, но ако успееш во тоа ќе чувствуваш помалку стрес“.

РАЗМИСЛИ: Бидејќи живееме во „особено тешки времиња“, зар не треба да бараме начини да си го намалиме стресот? (2. Тимотеј 3:1).

Обнова по прекумерен риболов

Во Белисе и во другите делови на Карибите „постојат документирани случаи на зголемување на бројноста на морски полжави, јастози и риби во местата кои се под забрана за риболов“, според извештајот на една организација (Wildlife Conservation Society). Извештајот додава: „На местата што се под забрана за риболов, популацијата на загрозени видови може делумно да се обнови за само 1-6 години. Сепак, за целосна обнова... може да бидат потребни децении“. Џенет Гибсон, програмски директор во таа организација, за Белисе рекла: „Местата кои се под забрана за риболов можат да помогнат во обновата на риболовните терени и на биодиверзитетот во државата“.

РАЗМИСЛИ: Дали способноста на природата да се обновува покажува дека постои мудар Творец? (Псалм 104:24, 25).

Насилството во Бразил

Според една новинска агенција, насилството во Бразил е во пораст (Agência Brasil). Бројот на убиства во 2012 год. надминал 56.000, што претставува највисока годишна стапка на убиства некогаш забележана од Министерството за здравство. Луис Сапори, специјалист за јавна безбедност, смета дека овој пораст го одразува моралниот распад на општеството. Кога луѓето ќе изгубат почит кон законите на цивилизираното општество, „почнуваат да употребуваат сила за да ги остварат своите интереси“, вели тој.

ДАЛИ СИ ЗНАЕЛ? Во Библијата било проречено дека ќе дојде време кога „љубовта ќе олади“, а „беззаконието ќе се зголеми“ (Матеј 24:3, 12).