Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

македонски

Разбудете се!  |  Бр. 4, 2017

 ШТО ВЕЛИ БИБЛИЈАТА

Искушенија

Искушенија

Распаднати бракови, нарушено здравје, лоша совест — ова се само некои од последиците кога некој им попушта на искушенијата. Како може да го избегнеме тоа?

Што е искушение?

Во искушение си кога нешто силно те привлекува — особено кога тоа е нешто лошо. Еве еден пример: Додека пазаруваш, здогледуваш нешто што многу ти се допаѓа. Низ главата ти прелетува мислата да го украдеш без никој да те види. Но, твојата совест ти вели „не!“ Затоа ги тргаш мислите од таа идеја и продолжуваш понатаму. Во тој момент искушението завршило, а ти си успеал да го победиш.

ШТО ВЕЛИ БИБЛИЈАТА

 

Ако се соочуваш со искушенија, не значи дека си лош човек. Библијата отворено кажува дека сите луѓе доживуваат искушенија (1. Коринќаните 10:13). Важно е како реагираме кога сме пред некое искушение. Некои луѓе ја потхрануваат погрешната желба и, порано или подоцна, ѝ се препуштаат, додека други веднаш ја отфрлаат.

„Секого го искушува неговата желба, така што го привлекува и го мами“ (Јаков 1:14)

Зошто е мудро веднаш да преземеме нешто кога сме во искушение?

Библијата открива кои чекори водат до тоа некој да постапи погрешно. Во Јаков 1:15 пишува: „Желбата [која е погрешна] кога ќе зачне, раѓа грев“. Со други зборови, ако почнеме да размислуваме за погрешната желба, кога-тогаш сигурно ќе ја оствариме — исто како што една бремена жена кога-тогаш сигурно ќе се породи. Сепак, не мора да им бидеме робови на погрешните желби. Можеме да ги држиме под контрола.

КАКО МОЖЕ БИБЛИЈАТА ДА ТИ ПОМОГНЕ

 

Исто како што можеме да ги разгориме погрешните желби така можеме и да ги отфрлиме. Како? Така што ќе се зафатиме со нешто друго — некоја активност, разговор со пријател или изградувачка мисла (Филипјаните 4:8). Може да ни биде од корист и ако размислуваме за тоа какви ќе бидат последиците ако му подлегнеме на искушението — на пример емоционална, физичка или духовна штета (5. Мојсеева 32:29). Многу може да помогне и молитвата. Исус Христос рекол: „Молете се, за да не паднете во искушение“ (Матеј 26:41).

„Не залажувајте се: со Бог нема подигрување! Човек што ќе си посее, тоа и ќе си пожнее“ (Галатите 6:7)

 Како успешно да им се спротивставиш на искушенијата?

ИМАЈ РЕАЛНО ГЛЕДИШТЕ

 

Гледај на искушението реално, како на една мамка која лесно може да ги вовлече во неволја наивните, немудрите и невнимателните (Јаков 1:14). Ова особено важи за искушенијата поврзани со сексуален неморал, кои може да имаат катастрофални последици (Изреки 7:22, 23).

КАКО МОЖЕ БИБЛИЈАТА ДА ТИ ПОМОГНЕ

 

Исус Христос рекол: „Ако твоето десно око те наведува на грев, извади го и фрли го од себе“ (Матеј 5:29). Секако, Исус не зборувал за дословно око. Наместо тоа, сакал да каже дека, ако сакаме да му угодиме на Бог и да добиеме вечен живот, мора, симболично кажано, да го усмртиме секој дел од телото што нѐ наведува на грев (Колошаните 3:5). Еден начин на кој би можеле да го направиме тоа е решително да го отфрлиме искушението. Еден верен слуга на Бог се молел со зборовите: „Одврати ми ги очите од безвредни работи“ (Псалм 119:37).

Се разбира, понекогаш не е лесно да се контролираме. Библијата кажува дека „телото е слабо“ (Матеј 26:41). Затоа секој од нас греши. Сепак, кога ни е многу жал поради некоја грешка и правиме сѐ што можеме за да не ни стане навика да постапуваме погрешно, нашиот Творец, Јехова Бог, ќе биде „милосрден и добар“ кон нас (Псалм 103:8). Зарем тоа не е утешна мисла?

„Ако гледаш на престапите, о Јах, о Јехова, кој ќе опстане?“ (Псалм 130:3)