Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

македонски

Разбудете се!  |  Бр. 4, 2016

 СЛУЧАЈНО ИЛИ СОЗДАДЕНО?

Животниот циклус на една цикада

Животниот циклус на една цикада

ЦИКАДАТА е инсект сличен на скакулецот и го има на сите континенти, освен на Антарктикот. Но, единствено во североисточниот дел на Америка се среќава периодичната цикада, која веќе долго време ги воодушевува биолозите.

Размисли: Секоја пролет, милиони периодични цикади одеднаш се појавуваат и живеат само неколку седмици. За време на нивниот краток живот на сончева светлина, тие ја отфрлаат првобитната кожа, гласно пеат, летаат, се размножуваат и потоа умираат. Необично е тоа што наредната генерација се појавува по 13 или по 17 години, во зависност од видот. Што се случува со овие инсекти во меѓувреме?

За да одговориме, треба да дознаеме малку повеќе за уникатниот животен циклус на периодичната цикада. Околу една седмица откако ќе се појават, возрасните инсекти се парат, и женките положуваат од 400 до 600 јајца во гранките на дрвјата. Кратко потоа, возрасните инсекти умираат. Во текот на следните неколку седмици, јајцата се изведуваат, а ларвите паѓаат на земјата, влегуваат во почвата и живеат под земја, каде што неколку години шмукаат сокови од корењата на грмушките и дрвјата. По 13 или 17 години се појавува новата генерација возрасни инсекти која започнува нов животен циклус.

Според едно научно списание, сложениот животен циклус на овие цикади „ги збунувал научниците со векови... Дури и денес, ентомолозите сѐ уште се трудат да сфатат како се развил необичниот животен циклус на овие инсекти“ (Nature). Тоа е уникатна мистерија во животинското царство.

Што мислиш? Дали животниот циклус на периодичната цикада настанал по пат на еволуција или е дело на мудар Творец?