Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

македонски

Разбудете се!  |  Бр. 4, 2016

 ТЕМА ОД НАСЛОВНАТА

Како да стекнеш добри навики

Како да стекнеш добри навики
  • КОГА алармот ќе заѕвони, на Остин сѐ уште му се спие. Но, веднаш станува, ги облекува тренерките што ги спремил вечерта и заминува да трча. Тоа го прави трипати неделно веќе цела година.

  • Лори само што се скарала со маж ѝ. Лута, брзо оди во кујната, зема чоколада и ја јаде целата. Тоа го прави секогаш кога е нервозна.

Која е сличноста меѓу Остин и Лори? Сеедно дали се свесни за тоа или не, и врз двајцата влијае една иста работа — моќта на навиките.

А како е со тебе? Има ли некои навики што би сакал да ги стекнеш? Можеби имаш цел редовно да вежбаш, повеќе да спиеш или, пак, почесто да контактираш со блиските.

Од друга страна, можеби би сакал да прекинеш со некоја лоша навика како, на пример, да ги откажеш цигарите, да избегнуваш брза храна или да трошиш помалку време на Интернет.

Мора да се признае дека не е лесно да се победат лошите навики. Тие можат да се споредат со топла постела во студен ден — лесно е да се стуткаш во неа за да се стоплиш, ама тешко е да излезеш.

Тогаш, како би можел ти да ги контролираш твоите навики наместо тие тебе? Да видиме три предлози што се темелат на начелата од Библијата.