Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

македонски

Разбудете се!  |  Бр. 4, 2016

Куќи слични на шатори наречени јурти, во долината Таш Рабат

 ЗЕМЈИ И НАРОДИ

Во посета на Киргистан

Во посета на Киргистан

ОПКРУЖЕН со високо издигнати снежни врвови, Киргистан е сместен во централна Азија и граничи со Казахстан, Узбекистан, Таџикистан и Кина. Речиси 90 отсто од земјата е планинска. На територијата на Киргистан гордо се извишува највисокиот врв на планинскиот венец Тјан Шан, со надморска висина од 7.439 метри. Околу четири отсто од површината на земјата ја покриваат шуми. Значајно е да се спомне дека во Киргистан се наоѓа една од најголемите шуми во светот во која природно растат ореви.

Јеховините сведоци поучуваат за Библијата илјадници луѓе во Киргистан

Жителите на Киргистан се познати по својата гостољубивост и почит. Во оваа земја е вообичаено на постаро лице да му се обраќаат со учтивата форма „Вие“, да му се отстапи местото за седење во јавниот транспорт и да му се даде најпочесното место на трпезата.

Семејствата најчесто имаат три или повеќе деца. Најмалиот син обично останува да живее со своите  родители дури и откако ќе се ожени, за да се грижи за нив во староста.

Девојчињата уште од мали се поучувани да работат низ дома. Во средните тинејџерски години тие веќе знаат да ги извршуваат сите домашни работи. За невестата обично се спрема мираз. Во него има разни постелнини и облека, како и рачно исткаен килим. Младоженецот треба да плати цена за невестата со пари или со стока.

За прославите и за погребите е обичај да се заколе овца или коњ. Животното се сече на парчиња, и секое парче е наменето за одреден гостин. Кој каков дел ќе добие зависи од неговата возраст и положба. Така се покажува почит кон гостите. На крајот се послужува традиционалното јадење бешбармак, кое се јаде со раце.

Комуз е познат музички инструмент