Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

македонски

Разбудете се!  |  Бр. 2, 2017

 ШТО ВЕЛИ БИБЛИЈАТА

Крст

Крст

Многу луѓе го сметаат крстот за симбол на христијанството. Сепак, некои од нив сметаат дека крстот не треба ниту да се носи ниту да се става на видно место дома или во црквите.

Дали Исус умрел на крст?

ШТО ВЕЛАТ НЕКОИ

 

Римјаните го погубиле Исус така што го приковале на крст направен од две греди.

ШТО ВЕЛИ БИБЛИЈАТА

 

Исус бил погубен така што бил прикован „на дрво“ (Дела 5:30, Превод на МПЦ). За да опишат на што умрел Исус, библиските писатели користеле два збора — ставрос и ксилон. И двата збора укажуваат на едно парче дрво, а не на две. Според една историска книга, грчкиот збор ставрос означува „столб, во најширока смисла на зборот. Нема исто значење со зборот ‚крст‘“ (Crucifixion in Antiquity). А зборот ксилон, кој се користи во Дела 5:30, означува „исправен колец или столб на кој Римјаните ги приковувале луѓето, за кои обично се велело дека биле распнати“. *

Исто така, Библијата го поврзува начинот на кој бил погубен Исус со еден закон што им бил даден на Израелците во минатото. Во законот стоело: „Ако некој направи грев што заслужува смртна казна, па биде погубен и обесен на столб, неговото мртво тело нека не остане на столбот преку ноќта, туку закопај го во истиот ден, зашто е проклет пред Бог оној што е обесен“ (5. Мојсеева 21:22, 23). Осврнувајќи се на тој закон, апостол Павле напишал дека Исус станал „проклетство наместо нас, зашто е напишано: ‚Проклет да е секој што е обесен на столб [ксилон]‘“ (Галатите 3:13). Со тоа Павле укажал дека Исус умрел на столб, односно на едно парче дрво.

Го убија, распнувајќи Го на дрво(Дела 10:39, Превод на МПЦ)

 Дали учениците на Исус го користеле крстот како симбол на христијанството или за да го обожаваат Бог?

ШТО ВЕЛИ БИБЛИЈАТА

 

Никаде во Библијата не е спомнато дека првите христијани го користеле крстот како верски симбол. Всушност, во тоа време Римјаните го користеле крстот како симбол, и тоа за своите богови. Дури околу 300 години по смртта на Исус, римскиот император Константин го усвоил крстот како симбол на својата војска, и оттогаш крстот почнал да се поврзува со „христијанската“ црква.

Со оглед на тоа што паганските народи го користеле крстот за да ги обожаваат своите богови, дали учениците на Исус би го користеле за да го обожаваат вистинскиот Бог? Сигурно дека не. Наместо тоа, тие знаеле дека долго време пред тоа Бог забранил луѓето да го обожаваат користејќи „каков и да е идол“ и дека на христијаните им било заповедано: „Бегајте од идолопоклонство“ (5. Мојсеева 4:15-19; 1. Коринќаните 10:14). „Бог е Дух“, кој не можеме да го видиме. Затоа, првите христијани не користеле видливи предмети и симболи за да се зближат со Бог преку нив. Наместо тоа, тие го обожавале Бог „со дух“, односно така што дозволувале да ги води невидливиот свет дух, и „со вистина“, односно во склад со Божјата волја која е запишана во Библијата (Јован 4:24).

„Вистинските поклоници ќе му оддаваат почит на Таткото со дух и со вистина“ (Јован 4:23)

Како треба христијаните да му искажуваат чест на Исус Христос?

ШТО ВЕЛАТ НЕКОИ

 

„Сосема е нормално и логично средството за спасение да се користи како предмет кој ќе се почитува и обожава... Тој што обожава слика или кип, ја обожава личноста која е претставена со нив“ (New Catholic Encyclopedia).

ШТО ВЕЛИ БИБЛИЈАТА

 

Христијаните му ја должат својата благодарност на Исус бидејќи на темел на неговата смрт може да им бидат простени гревовите, да станат блиски со Бог и да добијат вечен живот (Јован 3:16; Евреите 10:19-22). Но, од нив не се бара да ја покажат својата благодарност така што ќе користат некој симбол поврзан со Исус или само така што ќе речат дека веруваат во него. Всушност, „верата — ако нема дела, сама по себе е мртва“ (Јаков 2:17). Својата вера во Исус, христијаните мора да ја покажуваат на дело. Како?

Во Библијата стои: „Христовата љубов нѐ тера, бидејќи го заклучивме ова: еден човек умре за сите... за оние што живеат да не живеат повеќе за себе, туку за него, кој умре за нив и беше воскреснат“ (2. Коринќаните 5:14, 15). Огромната љубов што ја покажал Исус ги поттикнува христијаните да го следат неговиот пример во секој аспект од својот живот. На овој начин му искажуваат многу поголема чест отколку кога би користеле некој религиозен симбол.

„Волјата на мојот Татко е: секој што го гледа Синот и верува во него да има вечен живот“ (Јован 6:40)

^ пас. 8 A Critical Lexicon and Concordance to the English and Greek New Testament, единаесетто издание, од Ethelbert W. Bullinger, страници 818-819.

Нешто повеќе

ЗАПОЗНАЈ ГО БОГ И ЖИВЕЈ ЗАСЕКОГАШ

Зошто смртта на Исус е важна за тебе?

Преку откупната жртва на Исус Христос, Бог ни дава можност за прекрасна иднина.