Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

македонски

Разбудете се!  |  Бр. 2, 2016

 ШТО ВЕЛИ БИБЛИЈАТА

Загриженост

Загриженост

Загриженоста може да биде и корисна и штетна. Библијата ни помага да сфатиме на кој начин би можела да ни користи а на кој да ни штети.

Дали загриженоста е нормална работа?

КАКВА Е РЕАЛНОСТА:

Да бидеш загрижен значи да чувствуваш вознемиреност, нервоза или страв. Бидејќи живееме во свет во кој ништо не е сигурно, сите ние понекогаш сме загрижени.

ШТО ВЕЛИ БИБЛИЈАТА:

Цар Давид напишал: „До кога ќе се спротивставувам во душата своја и ќе носам тага во срцето свое по цел ден?“ (Псалм 13:2). Што му помогнало на Давид да се избори со своите чувства? Давид му ја кажал својата болка на Бог во молитва, затоа што знаел дека тој ќе го слушне и ќе му помогне (Псалм 13:5; 62:8). Бог сака и ние да му кажеме што нѐ мачи. Во Библијата пишува: „Сите свои грижи фрлете ги на [Бог], зашто тој се грижи за вас“ (1. Петрово 5:7).

Нашата загриженост за оние што ги сакаме може да ја намалиме ако им помагаме

Освен тоа, честопати и самите можеме да си помогнеме. На пример, откако рекол дека секој ден го притиска „грижата за сите собранија“, библискиот писател Павле правел сѐ што можел за да ги утеши и охрабри оние за кои бил загрижен (2. Коринќаните 11:28). Во овој случај, неговата загриженост била корисна, затоа што го поттикнала да помага. Истиот став можеме да го имаме и ние. Од друга страна, ако сме незаинтересирани и рамнодушни кон другите, нема да покажеме љубов кон нив (Изреки 17:17).

„Не грижете се само за себе туку и за другите“ (Филипјаните 2:4)

 Што да направиш ако си премногу загрижен?

КАКВА Е РЕАЛНОСТА:

Некој е загрижен за грешките од минатото, за иднината или за финансиите. *

ШТО ВЕЛИ БИБЛИЈАТА:

Загриженост за грешки од минатото. Пред да станат христијани, некои луѓе од првиот век биле пијаници, изнудувачи, блудници и крадци (1. Коринќаните 6:9-11). Наместо постојано да се навраќаат на своето минато, тие се смениле и имале доверба дека Бог е многу милостив и дека спремно ќе ги прифати. Во Библијата пишува: „Во тебе [Боже] е вистинското простување, за да се бојат од тебе“ (Псалм 130:4).

Страв од иднината. „Не бидете загрижени за утрешниот ден, зашто утрешниот ден ќе си има свои грижи“, рекол Исус Христос (Матеј 6:25, 34). Што сакал да каже со тоа? Мисли на проблемите што ги имаш денес. Не ги додавај на денешните грижи оние што ќе дојдат утре, бидејќи така нема трезвено да размислуваш и можеш да донесеш избрзани одлуки. Не заборавај и дека многу од она што нѐ загрижува може воопшто да не се случи.

Финансиски грижи. „Не давај ми ниту сиромаштија ниту богатство“, се молел еден мудар човек од минатото (Изреки 30:8). Наместо тоа, сакал да има толку колку што му треба. Таквиот став Бог многу го цени. Во Библијата пишува: „Во вашиот живот нека нема љубов кон парите, туку бидете задоволни со она што го имате. Зашто, [Бог] рекол: ,Никогаш нема да те оставам и никогаш нема да те напуштам‘“ (Евреите 13:5). За разлика од парите, кои честопати можат да ги изневерат нашите очекувања, Бог никогаш нема да ги разочара оние што имаат доверба во него и водат едноставен живот.

„Бев млад и остарев, но никогаш не видов праведник да биде оставен, ниту неговите деца да просат за леб“ (Псалм 37:25)

Дали некогаш ќе живееме без грижи?

ШТО ВЕЛАТ НЕКОИ:

„Влегуваме во нова ера на загриженост“, рекол новинарот Хариет Грин во една статија која излезе во 2008 год. во весникот Гардијан. Во 2014 год., Патрик О’Конор напишал во Волстрит Џурнал дека „во Америка има нов рекорд на лица што страдаат од загриженост“.

ШТО ВЕЛИ БИБЛИЈАТА:

„Од загриженост срцето на човекот му премалува, а добриот збор го радува“ (Изреки 12:25). Таков „добар збор“ е добрата вест за Божјето Царство (Матеј 24:14). Тоа Царство е влада која ја воспоставил Бог, и наскоро ќе направи нешто што не може да го направи никој друг — ќе ги отстрани сите причини за загриженост, па дури и болестите и смртта! „[Бог] ќе ја избрише секоја солза од [нашите] очи и смрт нема да има веќе, ни тага, ни пискот, ниту болка“ (Откровение 21:4).

„Бог, кој дава надеж, нека ве исполни со секоја радост и мир затоа што верувате“ (Римјаните 15:13)

^ пас. 10 Лицата со посериозни анксиозни нарушувања најдобро е да побараат лекарска помош. Разбудете се! не се залага за некоја посебна терапија или третман.

Нешто повеќе

ШТО НАВИСТИНА УЧИ БИБЛИЈАТА?

Дали Бог имал намера да биде вака?

Можеби се прашуваш зошто денес има толку многу проблеми. Дали си знаел дека Библијата кажува дека наскоро ќе има една огромна промена, и дека и ти ќе можеш да извлечеш корист од неа?