Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

македонски

Разбудете се!  |  Бр. 2, 2016

 ПОГЛЕД ВО СВЕТОТ

Врските во фокус

Врските во фокус

Кога станува збор за врските, дали Библијата е првото место на кое би побарал совет, или можеби последното? Погледни како нејзините мудри совети, иако биле запишани многу одамна, се во склад со најновите истражувања.

Индија

Според едно истражување од 2014 год., 61 отсто од младите меѓу 18 и 25 години сметаат дека предбрачниот секс „станува нешто најнормално во Индија“. Еден лекар во Мумбај за весникот Hindustan Times рекол дека, според него, „младите не ги поврзуваат врските со брак. Без разлика дали се со некого за една вечер, во случајна врска или, пак, живеат со него, не мислат дека треба да имаат чувство на обврска“.

РАЗМИСЛИ: Дали сексуално преносливите болести и емоционалните трауми се повеќе поврзани со сексот пред бракот или после бракот? (1. Коринќаните 6:18).

Данска

Честите семејни расправии може двојно да го зголемат ризикот од смрт во средните години. Истражувачите на Универзитетот во Копенхаген набљудувале речиси 10.000 луѓе на средна возраст во период од 11 години и заклучиле дека учесниците што често се расправале со некој близок биле под многу поголем ризик од предвремена смрт отколку оние што ретко се расправале. Еден автор на истражувањето вели дека начинот на кој се справуваме со грижите и обврските, како и начинот на кој ги решаваме несогласувањата „се важни фактори за да се намали ризикот од предвремена смрт“.

ШТО ВЕЛИ БИБЛИЈАТА: „Оној што е воздржан во своите зборови, навистина е мудар, и разборитиот човек има мирен дух“ (Изреки 17:27).

САД

Кај врските со прекини — оние што се заедно на периоди — поверојатно ќе дојде до пробна разделба во текот на првите пет години од бракот, како што покажало едно неодамнешно истражување спроведено врз 564 нововенчани парови во Луизијана. Тие исто така имаат почести брачни расправии и се помалку задоволни од својот брак.

ШТО ВЕЛИ БИБЛИЈАТА: „Бог што составил [во брак], човек да не разделува“ (Матеј 19:6).

Нешто повеќе

ТВОЕТО СЕМЕЈСТВО МОЖЕ ДА БИДЕ СРЕЌНО

Барај совети од Бог за да имаш среќен брак

Одговорот на две едноставни прашања ќе ти помогне да си го подобриш бракот.