Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

македонски

Разбудете се!  |  Бр. 2, 2016

Сино-жолта ара. Должина: 85 сантиметри

Импресивниот ара папагал

Импресивниот ара папагал

НЕОЧЕКУВАНО, од крошните на шумските дрвја блеснуваат илјадници бои и јато птици весело се разлетуваат низ воздухот! Ваква прекрасна глетка честопати можеле да видат европските истражувачи кои од крајот на 15 век почнале да доаѓаат во Централна и Јужна Америка. Тоа биле папагали од видот ара, кои имаат долга опашка и живеат во тропските предели на двете Америки. За кратко време, сликите од овие птици со живописни бои биле ставени на географските карти од овој регион како симбол на новопронајдениот рај.

И мажјаците и женките од видот ара имаат особено изразити бои, што е реткост кај другите птици со јаки бои. Арите се интелигентни, дружељубиви птици со пискав и продорен крик. Рано наутро, во групи од по околу 30 папагали, тие ги напуштаат своите гнезда и одат во потрага по семиња, тропско овошје и друга храна. Како и другите папагали, тие честопати ја фаќаат храната со канџите и ја гризат со своите големи, заоблени клунови. Со нив можат да ја скршат и тврдата лушпа на оревите! Откако ќе се најадат, обично се собираат на карпите или на речните брегови за да грицкаат глина, што можеби им помага да ги неутрализираат токсините од храната и да ги примат потребните хемиски состојки.

„[Бог] направил сѐ да е убаво во свое време“ (Проповедник 3:11).

 Арите обично имаат само еден партнер целиот живот, и заедно се грижат за своите малечки. Во зависност од видот, тие прават гнезда во дупките на дрвјата, речните брегови и термитниците, или во шуплините и пукнатините на карпите, каде што паровите честопати си ги чистат перјата еден на друг. Иако веќе на шест месеци достигнуваат зрелост, младите остануваат со своите родители околу три години. Во природата, арите живеат од 30 до 40 години, но во затворена средина некои живеат и повеќе од 60 години. Постојат околу 18 видови ари, а неколку од нив се прикажани на сликите.

Зеленокрила ара, позната и како црвено-зелена ара. Должина: до 95 сантиметри

Црвено-сина ара. Должина: 85 сантиметри

Хијацинтна ара. Должина: до 100 сантиметри. Таа е најголемиот вид папагал и може да тежи преку 1,3 килограми