Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

македонски

Разбудете се!  |  Бр. 1, 2017

 СЛУЧАЈНО ИЛИ СОЗДАДЕНО?

Топлотниот штит на сребрената мравка од Сахара

Топлотниот штит на сребрената мравка од Сахара

ОД СИТЕ копнени суштества, сребрените мравки од Сахара (Cataglyphis bombycina) се едни од најотпорните на високи температури. Кога пладневното сонце во Сахара ќе ги присили нивните грабливци да бараат ладовина, сребрените мравки излегуваат од мравјалникот во потрага по храна. Тие се хранат со инсекти кои не успеале да ги преживеат силните горештини.

[50] μm

Размисли: Тајната на нејзината отпорност е во топлотниот штит. Тој се состои од посебни влакна кои ги покриваат горниот и страничните делови од нејзиното тело и од мазен слој без влакна на долниот дел од телото. Влакната се во форма на триаголни шупливи цевчиња и на мравката ѝ даваат сребрен сјај. Гледано под микроскоп, двете страни од влакното кои се изложени на сонце се со брановита површина, а страната која е насочена кон телото е со мазна површина. Поради ваквата форма, влакната ја одбиваат топлината од сончевите зраци и ѝ овозможуваат на мравката да ја испушта топлината од телото што ја апсорбирала од средината. Додека, пак, долниот дел од мравката кој нема влакна, ја одбива топлината која зрачи од пустинскиот песок. *

[10] μm

Поради ваквиот топлотен штит, сребрената мравка ја одржува својата телесна топлина под максималната температура што може да ја издржи (53,6 Целзиусови степени). По примерот на овој инсект, истражувачите работат на посебен материјал за изолација кој овозможува пасивно ладење — одржување на температурата без вентилатори или други средства за ладење.

Што мислиш? Дали топлотниот штит на сребрената мравка од Сахара настанал по пат на еволуција или е дело на мудар Творец?

^ пас. 4 Исто така, оваа мравка има посебни протеини во телото кои не можат лесно да се разложат и под силна жештина. Долгите нозе на мравката го подигаат нејзиното тело над жешкиот песок и ѝ овозможуваат брзо да се движи. А нејзината одлична ориентација ѝ помага да дојде до своето живеалиште по најкраткиот пат.

Нешто повеќе

КНИГИ И БРОШУРИ

Дали животот е Божје дело?

Важно ли е што веруваш во врска со потеклото на животот?