Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

македонски

Разбудете се!  |  Бр. 1, 2016

 ЗЕМЈИ И НАРОДИ

Во посета на Лихтенштајн

Во посета на Лихтенштајн

ОВАА земја е една од најмалите во светот и е сместена на Алпите, помеѓу Швајцарија и Австрија. Низ вековите, на нејзиното подрачје живееле Келтите, Раетанците, Римјаните и Алеманите. Денес, околу две третини од населението на Лихтенштајн се потомци на племето Алемани, кое живеело во оваа област пред околу 1.500 години.

Официјален јазик во Лихтенштајн е германскиот, а во селата се зборуваат повеќе дијалекти. Две познати национални јадења се Турка-ребел, специјалитет направен од пченка, и Ескнупфле, тестенини со сирење.

Ескнупфле

Живописна народна носија

Додека патуваат низ земјата, посетителите можат да уживаат во прекрасната глетка кон снежните планини, зелените долини, лозјата и богатата вегетација. Само како за пример, во оваа алпска микродржава можат да се најдат речиси 50 видови диви орхидеи. Во Лихтенштајн има и музеи, театри и винарски визби. Затоа, таму доаѓаат туристи и во лето и во зима.

 Јеховините сведоци во Лихтенштајн се активни од 1920-тите години. Моментално, во земјата има околу 90 Јеховини сведоци кои им ја пренесуваат пораката од Библијата на домашното население и на посетителите.