Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

македонски

Разбудете се!  |  декември 2015

 ТЕМА ОД НАСЛОВНАТА | СТАВИ КРАЈ НА КАВГИТЕ ДОМА

Зошто доаѓа до кавги во семејството?

Зошто доаѓа до кавги во семејството?

„ОБИЧНО се расправаме околу парите“, вели Сара, * која живее во Гана и е во брак со Џејкоб 17 години. „Ме нервира тоа што едвај успевам да излезам на крај со трошоците дома, а Џејкоб никогаш не ме прашува како се снаоѓам. Понекогаш не зборуваме со недели.“

Џејкоб, нејзиниот сопруг, вели: „Во лутина се случува да си кажеме остри зборови. Обично до тоа доаѓа кога не можеме да се разбереме добро или кога не зборуваме доволно. А понекогаш ние самите реагираме претерано“.

Натан, кој живее во Индија и е во брак од неодамна, раскажува што се случило кога во една ситуација таткото на неговата сопруга ѝ се развикал на својата жена. „Таа се налути и си замина од дома“, вели Натан. „Кога го прашав зошто ѝ викаше, тој си помисли дека јас го напаѓам. Тогаш почна да вика по сите нас.“

Веројатно и самиот си свесен до колкава караница може да дојде од само неколку погрешни зборови или од зборови кажани во погрешно време. Еден обичен разговор може брзо да прерасне во жестока расправија. Никој не успева секогаш да го каже она што треба, па затоа лесно може погрешно да ги сфатиме другите или, пак, да им припишеме лоши мотиви. Сепак, можно е во разумна мера да имаме мир и слога во семејството.

Што можеш да направиш кога ќе дојде до кавга? Како да го вратиш мирот во семејството? Како можат семејствата да го зачуваат мирот во својот дом? Да видиме понатаму.

^ пас. 3 Некои имиња во овие статии се сменети.