Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

македонски

Разбудете се!  |  декември 2015

 СОВЕТИ ЗА СЕМЕЈСТВАТА | БРАК

Да се живее со разликите

Да се живее со разликите

ПРЕДИЗВИК

Ти сакаш спорт, твојот брачен другар сака да чита. Ти си организиран и педантен, а твојот сопружник не е. Ти уживаш во друштво, а твојот сопружник кога е сам.

‚Воопшто не си одговараме!‘, заклучуваш. ‚Како не го видовме тоа пред да се земеме?‘

Реално кажано, уште тогаш сте виделе дека во некои работи не си одговарате, само што веројатно полесно сте правеле отстапки. Ако бевте спремни да правите отстапки додека не бевте во брак, колку повеќе вреди да правите сега, кога сте во брак! Оваа статија ќе ви помогне во тоа. Но, најпрво да разгледаме некои факти за таканаречените непомирливи разлики.

ШТО ТРЕБА ДА ЗНАЕШ

Некои разлики се сериозни. Додека двајца се во врска, една од најважните работи што треба да ја увидат е во што се разликуваат. Затоа, многу парови што во текот на врската увиделе дека меѓу нив има сериозни разлики, одлучиле дека е подобро да ја прекинат врската отколку немудро да стапат во брак со некој што е потполно различен од нив. Но, што е со помалите разлики кои, всушност, се неизбежен дел од секој брак?

Не постојат две потполно исти личности. Според тоа, нормално е двајца што се во брак да се разликуваат барем во некое од следниве полиња:

Интереси. „Никогаш не ме привлекувале активностите во природа“, вели Ана, * „а маж ми од дете се искачувал по снежни врвови и планинарел и по неколку дена.“

Навики. „Жена ми може да остане до доцна навечер и без проблем да стане во 5 часот наутро, а јас, ако не спијам седум или осум часа, цел ден ќе бидам нерасположен“, вели Брајан.

Карактерни црти. Можеби ти си повлечен, а твојот брачен другар е отворен. „Додека растев, со никого не зборував за моите лични проблеми“, вели Дејвид, „а жена ми пораснала во семејство во кое отворено се зборувало за сѐ.“

Разликите може да бидат корисни. „Можеби е добро онака како што правам јас, но тоа не значи дека така е најдобро“, вели Елена.

 ШТО МОЖЕШ ДА НАПРАВИШ

Давај поддршка. Еден сопруг по име Адам вели: „Жена ми Карен воопшто не ја интересира спорт. Сепак, има дојдено со мене на неколку натпревари, па дури и го бодревме тимот заедно. Од друга страна, Карен ужива да посетува музеи на уметноста, па јас одам со неа и остануваме колку што сака. Почнав да се интересирам за уметноста бидејќи знам дека тоа ѝ значи“. (Библиско начело: 1. Коринќаните 10:24.)

Размислувај пошироко. Ако гледиштето на твојот брачен другар е поинакво од твоето, тоа не значи дека автоматски е погрешно. Еден сопруг по име Алекс тоа добро го сфатил. „Отсекогаш мислев дека постои само еден исправен начин на кој може нешто да се направи и дека сѐ друго би било промашување“, вели тој. „Но, откако стапив во брак сфатив дека има многу начини на кои можат да се направат работите, и секој начин си има свои предности.“ (Библиско начело: 1. Петрово 5:5.)

Биди реален. Да си одговараш со некого не значи да бидеш ист со него. Затоа, немој да заклучиш дека твојот брак е промашување само поради тоа што си станал свесен за неколку разлики меѓу вас. Во една книга за разводот пишува: „Многу луѓе се правдаат со зборовите ‚Љубовта ме заслепи‘“. Сепак, „секој ден во кој заедно сте биле среќни е доказ дека, колку и да сте различни, вие можете да се сакате“, продолжува понатаму во книгата (The Case Against Divorce). Трудете се ‚да се поднесувате еден со друг... ако некој има жалба против некого‘ (Колошаните 3:13).

Предлог: Запиши си што ти се допаѓа кај твојот брачен партнер, колку ти се допаѓа тоа, и во кои работи си одговарате. Потоа запиши во кои работи сметаш дека не си одговарате. Можеби ќе видиш дека разликите меѓу вас не се толку големи колку што си мислел. Еден таков список ќе ти помогне да увидиш за што би можел да покажеш поголемо разбирање кон твојот брачен другар и во што би можел да го поддржуваш. „Многу ценам кога жена ми ќе направи некоја отстапка поради мене, а знам дека и таа цени кога јас ќе го направам истото за неа“, вели Кенет. „Дури и да не ми лесно она што го правам, кога таа е среќна, среќен сум и јас.“ (Библиско начело: Филипјаните 4:5.)

^ пас. 10 Некои имиња во оваа статија се сменети.

Нешто повеќе

ТВОЕТО СЕМЕЈСТВО МОЖЕ ДА БИДЕ СРЕЌНО

Како да ги решавате проблемите

Од исправниот пристап може многу да зависи дали бракот ќе биде стабилен и среќен или нестабилен и несреќен.

РАЗБУДЕТЕ СЕ!

Како да се најде компромис

Четири предлози што можат да ви помогнат тебе и на твојот сопружник да не се карате, туку да најдете заедничко решение.

СТРАЖАРСКА КУЛА

Како да престанеме да се караме?

Зошто може да дојде до расправии и што да направиш за да не им дозволиш да ти го уништат бракот?