Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

македонски

Разбудете се!  |  декември 2015

 ПОГЛЕД ВО СВЕТОТ

Европа во фокус

Европа во фокус

Некогаш религиозната Европа сѐ повеќе станува секуларна. Но, можеби ќе те изненади како некои нови случувања во Европа се поврзани со Библијата.

Влијанието на мајчиниот глас

Група истражувачи во Милано (Италија) дошле до заклучок дека врз здравјето на предвреме родените бебиња многу добро влијае гласот на нивната мајка кој го слушаат преку еден апарат кој се става на нивното раче во болницата. Апаратот прави гласот на мајката да му звучи на бебето како да го слуша во нејзиниот стомак. „Раната изложеност на гласот на мајката влијае позитивно врз предвреме родените бебиња“, потврдило истражувањето.

ШТО ВЕЛИ БИБЛИЈАТА: „Си ја смирив и си ја успокоив душата, се чувствувам како мало дете во мајчината прегратка“ (Псалм 131:2).

Нарцизмот се учи од мал

Едно истражување спроведено врз 565 деца во Холандија покажало дека оние деца чии родители ги опишале како „подобри од другите“ и како деца со право на „посебен третман“ имаат поголема склоност да станат нарцисоидни и да мислат дека вредат и заслужуваат повеќе од другите деца на нивна возраст. „Децата им веруваат на родителите кога ќе им кажат дека се подобри од другите“, вели еден од истражувачите. „Тоа може да биде штетно и за децата и за општеството.“

ШТО ВЕЛИ БИБЛИЈАТА: „Секој меѓу вас да не мисли за себе повеќе отколку што треба да мисли, туку да мисли за себе разумно“ (Римјаните 12:3).

Позитивни стогодишници

И покрај болестите и физичките ограничувања, стогодишниците имаат голема желба за живот, известуваат истражувачите од Универзитетот Хајделберг во Германија. Тројца од четири интервјуирани го сакаат животот и се трудат да го искористат најдобро што можат. Тие си поставуваат цели, позитивни се, не губат надеж, сметаат дека животот има смисла и поседуваат религиозни и етички вредности.

РАЗМИСЛИ: Како што пишува во Проповедник 3:11, што докажува нашата природна желба за живот?