Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

македонски

Разбудете се!  |  декември 2015

 ШТО ВЕЛИ БИБЛИЈАТА

Душа

Душа

Религиите имаат различни мислења за душата и за тоа што се случува со неа откако ќе умреме. Но, Библијата јасно објаснува што е душа.

Дали душата е бесмртна?

ШТО ВЕЛАТ ЛУЃЕТО:

Многу луѓе веруваат дека душата е бесмртна. Некои мислат дека таа се раѓа секогаш одново така што се појавува во некое ново физичко тело откако претходното умрело. Други мислат дека по смртта душата продолжува да живее на некое друго место, на пример, во рај или пекол.

ШТО ВЕЛИ БИБЛИЈАТА:

Во Библијата не пишува дека душата е бесмртна. Напротив, на многу места во неа стои дека душата умира. Пророкот Езекиел, кого Бог го водел да напише дел од Библијата, запишал дека душата може да биде казнета со смрт. На едно друго место, Библијата го користи изразот ‚душа на мртовец‘ за да опише мртво тело (3. Мојсеева 21:11, фуснота). Јасно, според Библијата, душата не е бесмртна.

„Онаа душа што ќе греши, таа и ќе умре“ (Езекиел 18:20)

Дали душата е посебен дел од телото?

ШТО ВЕЛАТ ЛУЃЕТО:

Душата му дава живот на телото додека човекот е жив, но кога тој ќе умре душата го напушта.

ШТО ВЕЛИ БИБЛИЈАТА:

Во Библијата, пишува дека една мајка родила „души“, односно живи суштества што дишат (1. Мојсеева 46:18). Всушност, хебрејскиот збор што Библијата го користи за „душа“, може да се преведе со изразот „некој што дише“. Понекогаш, истиот збор се користи дури и за животни. Освен тоа, во Библијата пишува дека на душата ѝ треба храна (5. Мојсеева 12:20). Ако душата постои независно од телото, дали ќе има потреба да дише и да јаде? Во Библијата, зборот „душа“ најчесто се однесува на целата личност, вклучувајќи ги телото, емоциите и особините.

‚Таа роди шеснаесет души‘ (1. Мојсеева 46:18)

 Што се случува со душата при смртта?

ШТО ВЕЛИ БИБЛИЈАТА:

Исто како што е сигурно дека откако ќе умреме нашите тела почнуваат да се распаѓаат, така е сигурно и дека „нема ни работа, ни размислување, ни знаење, ни мудрост во гробот“ (Проповедник 9:10). Библијата јасно кажува дека кога некој ќе умре, „се враќа во својот прав — во тој ден пропаѓаат неговите мисли“ (Псалм 146:4). Мртвата душа е неактивна, и затоа Библијата честопати сликовито ги опишува мртвите како да ‚спијат‘ (Матеј 9:24).

ЗОШТО Е ВАЖНО ОВА:

Кога ќе умре некој што го сакаш, потребен ти е одговор на некои прашања како, на пример: Каде е сега? Дали воопшто постои? Дали се мачи? Како што видовме, Библијата кажува дека мртвите не се свесни за ништо, па може да нѐ утеши мислата дека нашите сакани не се мачат. Нѐ теши и тоа што Јехова ветува дека во иднина ќе ги разбуди мртвите души за повторно да живеат (Исаија 26:19).

„Мртвите не се свесни за ништо“ (Проповедник 9:5)

Нешто повеќе

ОДГОВОР НА БИБЛИСКИ ПРАШАЊА

Што е воскресение?

Можеби ќе се изненадиш кога ќе дознаеш кој сѐ ќе биде воскреснат во иднина.