Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

македонски

Разбудете се!  |  ноември 2015

 СЛУЧАЈНО ИЛИ СОЗДАДЕНО?

Растенијата знаат математика

Растенијата знаат математика

ПРЕКУ процесот наречен фотосинтеза, растенијата ја користат сончевата енергија за да создадат храна. Истражувањата на биолозите откриле дека некои видови растенија прават уште нешто зачудувачко — пресметуваат со кое темпо ќе ја апсорбираат храната во текот на ноќта.

Размисли: Преку ден, растенијата го претвораат јаглеродниот диоксид од атмосферата и водата во скроб и шеќери. Во текот на ноќта, многу растенија се хранат од скробот што го складирале дента. Тоа им помага да растат и да се развиваат. Исто така, тие го консумираат складираниот скроб со најсоодветното темпо — ниту пребрзо ниту пребавно. На тој начин, пред да осамне денот, кога повторно почнуваат да создаваат храна, растенијата веќе искористиле околу 95 отсто од своите резерви.

До овие сознанија се дојде благодарение на експериментите направени врз Arabidopsis thaliana, растение од фамилијата синапи. Истражувачите откриле дека ова растение внимателно ги распределува резервите храна земајќи ја предвид должината на ноќта, која може да трае 8, 12 или 16 часа. Очигледно, ова растение ја дели количината скроб со времето кое преостанува до утрото, и на тој начин го одредува темпото со кое ќе ја консумира храната.

Од каде знаат растенијата колку скроб имаат во своите резерви? Како го мерат времето? Кој механизам им овозможува да вршат вакви пресметки? Истражувањата што ќе бидат спроведени во иднина можеби ќе ни дадат одговор на овие прашања.

Што мислиш? Дали способноста на растенијата да извршуваат математички пресметки настанала по пат на еволуција или е дело на мудар Творец?