Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

македонски

Разбудете се!  |  јули 2015

 ТЕМА ОД НАСЛОВНАТА | ИМАШ ЛИ КОНТРОЛА НАД СВОЈОТ ЖИВОТ?

Предизвик: Негативни чувства

Предизвик: Негативни чувства

ДАЛИ си преплавен од силни чувства на тага, лутина или огорченост? Ако да, можеби немаш доволно време и сила за она што навистина ти е важно. Што можеш да направиш? *

БИБЛИСКИ ПРИМЕР: ДАВИД

Цар Давид се измачувал со најразлични чувства, меѓу кои биле и чувствата на тага и загриженост. Што му помогнало да не дозволи овие чувства да го контролираат неговиот живот? Давид имал доверба дека Бог ќе се грижи за него (1. Самоилова 24:12, 15). Освен тоа, си ги запишувал чувствата со кои се борел. Исто така, бидејќи имал силна вера, често му се молел на Бог. *

ШТО ПРАВИ ГРЕГОРИ

Како што беше спомнато во воведната статија, Грегори страда од анксиозно растројство. Тој вели: „Мојата загриженост ги преминуваше сите граници и не можев да ја контролирам“. Како успеал да се справи со овој предизвик? „Многу ми помогна тоа што ја прифатив помошта од жена ми и пријателите. Освен тоа, побарав стручна помош и подобро се информирав за мојата состојба. Откако направив промени во мојот начин на живот, почувствував дека јас имам контрола врз мојата здравствена состојба, а не таа врз мене. Иако сѐ уште ме обземаат чувства на загриженост, сега ми е појасно што ги предизвикува и знам што треба да направам за да се чувствувам подобро.“

„Веселото срце дејствува добро како лек“ (Изреки 17:22)

ШТО МОЖЕШ ДА НАПРАВИШ ТИ

Ако негативните чувства ти го контролираат животот, примени ги следниве совети:

  • Запишувај ги своите чувства во дневник.

  • Кажи му на некој близок пријател или роднина како се чувствуваш.

  • Размисли дали твоите чувства имаат реална основа. На пример, прашај се: ‚Дали има вистински причини да имам толку лошо мислење за себе?‘

  • Немој да дозволиш чувствата на загриженост, гнев или огорченост да ти ја црпат силата. Наместо тоа, пренасочи ја на нешто покорисно. *

Заклучок: Негативните чувства честопати не се резултат на нашите околности, туку на начинот на кој гледаме на нив.

^ пас. 3 Понекогаш негативните чувства се предизвикани од здравствен проблем за кој е потребна медицинска помош. Разбудете се! не се залага за некој посебен начин на лекување. Секој треба добро да размисли и лично да избере како ќе се лекува.

^ пас. 5 Многу псалми од Библијата се молитви кои ги запишал Давид.

^ пас. 13 За повеќе информации, види ги воведните статии со наслов „Како да се справиме со грижите“ кои излегоа во Стражарска кула од 1 јули 2015.