Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

македонски

Разбудете се!  |  мај 2015

 ШТО ВЕЛИ БИБЛИЈАТА

Насилство

Насилство

Човечката историја е обележана со насилство. Дали насилството ќе постои до недоглед?

Како гледа Бог на насилството?

ШТО ВЕЛАТ ЛУЃЕТО:

Многу луѓе, меѓу кои има и побожни лица, сметаат дека, кога некој ќе те испровоцира, оправдано е да возвратиш со насилство. Освен тоа, за милиони луѓе програмите и филмовите на телевизија во кои се прикажува насилство се прифатлива забава.

ШТО ВЕЛИ БИБЛИЈАТА:

Во близина на градот Мосул, во северниот дел на Ирак, се наоѓаат рушевините на Ниневија — главниот град на древното Асирско Царство. Кога овој град сѐ уште бил во својот зенит, Бог прорекол дека ќе го „претвори во пустош“ (Софонија 2:13). Освен тоа, Бог рекол дека од Ниневија ќе направи „страшна глетка“. Зошто? Затоа што овој град бил ‚крволочен‘ (Наум 1:1; 3:1, 6). Во Псалм 5:6 пишува: „Јехова се гади од човек што пролева крв“ (Псалм 5:6). Рушевините на Ниневија сведочат дека Бог си стоел на зборот.

Насилството потекнува од Сатана Ѓаволот кој е непријател на Бог и на луѓето и кого Исус Христос го нарекол „човекоубиец“ (Јован 8:44). Бидејќи „целиот свет е под власта на Злобниот“, неговите особини се гледаат во општоприфатените ставови на луѓето за насилството, вклучувајќи го и насилството во медиумите (1. Јованово 5:19). Ако сакаме да му угодиме на Бог, мораме да го мразиме насилството, а да го сакаме она што тој го сака. * Дали ова е возможно?

„Јехова... многу го мрази оној што го сака насилството“ (Псалм 11:5)

Можно ли е некој што е насилен да се смени?

ШТО ВЕЛАТ ЛУЃЕТО:

Насилството е длабоко вкоренето во човечката природа, која не се менува.

ШТО ВЕЛИ БИБЛИЈАТА:

Во Колошаните 3:8-10 пишува дека треба да ги отфрлиме ‚гневот, лутината, злобата, погрдниот говор и безобразните зборови‘ и дека треба да ја ‚соблечеме старата личност и нејзините дела, а да ја облечеме новата личност‘. Дали Бог бара премногу од нас? Не. Луѓето можат да се сменат. * Како?

Прво, треба добро да го запознаеме Бог (Колошаните 3:10). Кога некој искрен  човек ќе дознае какви особини и мерила има Творецот, се зближува со него и сака да му биде послушен (1. Јованово 5:3).

Второ, треба да внимаваме со кого се дружиме. Во Изреки 22:24, 25 стои: „Не дружи се со оној што е склон кон лутина и не оди со човек кој лесно се разгневува, за да не се навикнеш на неговите патишта, па да си поставиш замка за душата“.

И трето, треба да сфатиме дека насилството е сериозна слабост која укажува на недостиг од самоконтрола. За разлика од насилните луѓе, оние што се мирољубиви имаат цврст карактер. Во Изреки 16:32 пишува: „Кој е бавен на гнев, подобар е од силниот човек“.

„Тежнејте кон мир со сите“ (Евреите 12:14)

Дали на насилството некогаш ќе му дојде крај?

ШТО ВЕЛАТ ЛУЃЕТО:

Отсекогаш имало насилство и засекогаш ќе го има.

ШТО ВЕЛИ БИБЛИЈАТА:

„Уште малку, и злиот ќе го снема... А кротките ќе ја поседуваат земјата и ќе уживаат во изобилен мир“ (Псалм 37:10, 11). За да ги спаси кротките и мирољубивите луѓе, Бог ќе ги уништи оние што го сакаат насилството исто како што ги уништил злобните жители на древната Ниневија. Насилството нема никогаш повеќе да го нарушува мирот на Земјата! (Псалм 72:7).

„Кротките... ќе ја наследат земјата“ (Матеј 5:5)

Затоа, сега е време да се трудиме да бидеме мирољубиви и со тоа да му угодиме на Бог. Во 2. Петрово 3:9 стои: „Јехова... е стрплив со вас бидејќи не сака никој да биде уништен, туку сите да дојдат до покајание“.

„Тие ќе ги прековаат своите мечеви во плугови и своите копја во српови“ (Исаија 2:4)

^ пас. 7 Бог им дозволил на древните Израелци да војуваат за да ја заштитат својата територија (2. Летописи 20:15, 17). Но, тоа се сменило кога Бог го раскинал сојузот со Израел и го основал христијанското собрание кое нема територијални граници.

^ пас. 11 Во рубриката „Библијата менува животи“, која излегува во Стражарска кула, можеш да прочиташ искуства од луѓе кои се смениле.

Нешто повеќе

РАЗБУДЕТЕ СЕ!

Како да се стави крај на семејното насилство

Како можат библиските начела да им помогнат дури и на најнасилните лица да се сменат?