Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

македонски

Разбудете се!  |  март 2015

 СЛУЧАЈНО ИЛИ СОЗДАДЕНО?

Неверојатниот слух на големиот восочен молец

Неверојатниот слух на големиот восочен молец

ГОЛЕМИОТ восочен молец може да слуша звуци со високи фреквенции подобро од кое и да било друго суштество во светот. Сепак, неговите уши, со големина колку врв на шпенадла, имаат многу едноставна градба.

Размисли: Со години, слухот на големиот восочен молец е предмет на истражувања. Неодамна, научниците при Универзитетот Стратклајд во Шкотска го тестираа слухот на молецот со звуци со најразлични фреквенции. Тие ги мереа вибрациите на неговите ушни мембрани и ја набљудуваа активноста на слушните нерви. Ушните мембрани реагираа и на звуци со фреквенција од 300 килохерци. Во споредба со овој молец, лилјаците со помош на ехолокација можат да слушнат звуци со фреквенција до 212 килохерци. Делфините, пак, можат да чујат звуци до 160 килохерци, а луѓето можат да чујат звуци до 20 килохерци.

Научниците би сакале да ја искористат оваа неверојатна способност за слушање на големиот восочен молец како основа за да развијат нова технологија. За што ќе се употребува оваа нова технологија? Доктор Џејмс Виндмил од Универзитетот Стратклајд вели: „За да се направат подобри и помали микрофони. Овие микрофони ќе може да се стават во најразлични уреди, како што се мобилните телефони и апаратите за слушање“.

Што мислиш? Дали неверојатниот слух на големиот восочен молец настанал по пат на еволуција или е дело на мудар Творец?

Нешто повеќе

КНИГИ И БРОШУРИ

Дали животот е Божје дело?

Важно ли е што веруваш во врска со потеклото на животот?