Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

македонски

Разбудете се!  |  февруари 2015

Мудрост која нѐ штити

Мудрост која нѐ штити

„Богатството на човекот му е откуп за животот а на сиромавиот никој не му се заканува“ (ИЗРЕКИ 13:8, Превод Нов свет, издание на англиски од 2013)

ИАКО богатството си има свои предности, тоа носи и одредени ризици, особено во овие тешки времиња во кои живееме (2. Тимотеј 3:1-5). Во некои земји, богатите луѓе, вклучувајќи ги и туристите кои оставаат впечаток дека се богати, се мета на крадци и киднапери кои бараат откуп.

Во врска со една земја во развој, во еден новинарски извештај пишува: „Насилните грабежи, измамите и киднапирањата создаваат сѐ поголемо непријателство меѓу богатите и сиромашните. Рестораните имаат вооружено обезбедување, домовите на богатите имаат огради од бодликава жица, рефлектори, камери и телохранители“. Ова е случај и во многу други земји.

Од друга страна, во Библијата пишува дека „на сиромавиот никој не му се заканува“. Што можеш да научиш од оваа мудра мисла? Ако живееш во место во кое се раширени криминалот и насилството или ако треба да одиш во такво место, внимавај да не им го привлечеш вниманието на другите така што ќе им оставиш впечаток дека си богат. Добро размисли што ќе облечеш и што ќе носиш со себе кога треба да се движиш на јавни места. Внимавај да не носиш вредни работи кои се лесно забележливи. Во Изреки 22:3 стои: „Паметниот човек го гледа злото и се трга, а глупавите одат понатаму и ја трпат казната“.

Мудроста која е запишана во Библијата покажува дека нашиот Творец многу се грижи за нас и дека сака да нѐ заштити. Во Проповедник 7:12 пишува дека таквата ‚мудрост е заштита‘ и дека ‚им го чува животот на оние што ја имаат‘.

Нешто повеќе

ДОБРА ВЕСТ ОД БОГ!

Зошто библиските начела се за наше добро?

Исус објаснил зошто ни треба водство и кои две библиски начела се најважни.

ОДГОВОР НА БИБЛИСКИ ПРАШАЊА

Дали Библијата е обична книга напишана од мудри луѓе?

Забележи што вели Библијата за себе.

РАЗБУДЕТЕ СЕ!

Мудроста вика — ја слушаш ли?

Вистинската мудрост ќе ги реши човечките проблеми.