Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

македонски

Разбудете се!  |  јануари 2015

 ЗЕМЈИ И НАРОДИ

Во посета на Костарика

Во посета на Костарика

ПРЕД пет века, Шпанците биле првите кои го посетиле ова место. Тие го нарекле Костарика (Богат брег) бидејќи мислеле дека таму има многу злато. Но, потрагата по него била залудна. Денес, оваа земја не е позната како извор на скапоцени метали, туку како една од земјите со најбогат растителен и животински свет.

Костариканците се познати како Тикоси поради тоа што многу често користат деминутив така што на крајот од зборовите ја додаваат наставката „–ико“. На пример, наместо да речат „ун моменто“ (само момент), тие може да речат „ун моментико“ (само моментче). Во секојдневниот говор често ја користат фразата “¡pura vida!” (чист живот!) за да изразат благодарност или согласност или, пак, за да кажат здраво или пријатно.

Шумите на Костарика изобилуваат со најразновиден растителен и животински свет, како што е оваа црвеноока дрвна жаба (Agalychnis callidryas)

Едно од омилените јадења во Костарика е gallo pinto (што дословно значи „точкаст петел“). Тоа се состои од ориз и грав кои прво се подготвуваат одделно, а потоа се мешаат и им се додаваат зачини.  Gallo pinto може да се јаде за појадок, ручек или вечера. Традиционален напиток е café chorreado — кафе подготвено преку платнен филтер кој виси на рамка, најчесто дрвена.

Во Костарика има околу 450 собранија на Јеховините сведоци. Своите христијански состаноци ги одржуваат на десет јазици, меѓу кои костарикански знаковен јазик и два домородечки јазика — брибри и кабекар.

СИ ЗНАЕЛ ЛИ ДЕКА... Во Костарика се пронајдени стотици вешто изрезбани камени топки. Најголемата има пречник од 2,4 метри. Се смета дека некои од нив се постари од 1.400 години. Никој точно не знае зошто биле направени!

Камени топки