Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

македонски

Разбудете се!  |  јануари 2015

 ТЕМА ОД НАСЛОВНАТА

Како настанал животот?

Како настанал животот?

Како би ја довршил следнава реченица?

ЖИВОТОТ Е РЕЗУЛТАТ НА _______.

  1. А) ЕВОЛУЦИЈА

  2. Б) СОЗДАВАЊЕ

НЕКОИ можеби мислат дека оние што се ориентирани кон науката ќе одговорат „еволуција“, а дека религиозните лица ќе одговорат „создавање“.

Но, не е секогаш така.

Факт е дека голем број образовани луѓе, вклучувајќи и многу научници, ја доведуваат во прашање теоријата на еволуција.

Да го спомнеме како пример Џерард, професор по ентомологија кој на факултет ја изучувал еволуцијата. „Кога полагав испити, пишував работи што ги бараа професорите — иако лично не верував во нив“, вели тој.

Зошто дури и на некои луѓе што се потпираат на науката им е тешко да прифатат дека животот настанал по пат на еволуција? За да го добиеме одговорот, ќе разгледаме две прашања што збунуваат многу луѓе од научните кругови: 1) Како започнал животот? и 2) Како настанале живите суштества?