Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

македонски

Разбудете се!  |  ноември 2014

 СОВЕТИ ЗА СЕМЕЈСТВАТА | ЗА РОДИТЕЛИТЕ

Кога детето лаже

Кога детето лаже

ПРЕДИЗВИК

Твоето петгодишно детенце си игра во другата соба. Одеднаш слушаш кршење. Отрчуваш во собата и го наоѓаш како стои до распарчена порцеланска вазна. Вината што се чита на неговото лице ти кажува сѐ.

„Ти ли ја скрши вазната?“ го прашуваш строго.

„Не, мамо, не бев јас!“ веднаш одговара тоа.

Ова не е првпат детето да те лаже во очи. Треба ли ова да те загрижува?

ШТО ТРЕБА ДА ЗНАЕШ

Лажењето е секогаш лошо. Библијата вели дека на Јехова Бог му е одвратен „лажлив јазик“ (Изреки 6:16, 17). Законот што им бил даден на Израелците пропишувал строги казни за секој што ќе измамел некого (3. Мојсеева 19:11, 12).

Сепак, сите лаги не се исти. Некои лаги се кажани од злоба, со цел да се наштети некому. Други лаги се кажани под притисок, можеби за да се избегне срам или казна (1. Мојсеева 18:12-15). Факт е дека лажењето е погрешно, но некои лаги се посериозни од други. Ако твоето дете кажало лага, земи ја предвид неговата возраст и размисли зошто сака да ја скрие вистината.

Обрни внимание на овој проблем уште кога детето е мало. „Многу е важно децата да научат да ја кажуваат вистината, посебно кога тоа не е лесно“, пишува д-р Дејвид Волш. „Нашите односи со другите се темелат на доверба, а лажењето ја руши довербата.“ *

Сепак, не паничи. Тоа што твоето дете излажало, не значи дека тргнало по лош пат и дека му нема спас. Имај го на ум она што го вели Библијата: „Глупоста е приврзана за срцето на детето“ (Изреки 22:15). Кај некои деца таквата глупост се гледа кога лажат, мислејќи си дека можеби тоа е лесен начин да си поминат без казна. Затоа, многу е важно како ќе реагираш.

 ШТО МОЖЕШ ДА НАПРАВИШ

Обиди се да сфатиш зошто детето лаже. Дали се плаши од казна? Не сака да те разочара? Ако измислува приказни за да ги импресионира другарчињата, дали го прави тоа затоа што сѐ уште не ја разбира разликата помеѓу реалноста и фантазијата? Ако знаеш зошто твоето дете лаже, ќе можеш подобро да го исправиш. (Библиско начело: 1. Коринќаните 13:11.)

Во некои ситуации, наместо прашања користи изјави. Во замислената ситуација на почетокот од статијата, мајката која многу добро знае што се случило, строго го праша своето детенце: „Ти ли ја скрши вазната?“ Детето ја излажа, можеби од страв дека мама ќе се лути. Но, наместо да му постави прашање од кое се гледа дека го обвинува, замисли си дека мајката едноставно му кажува: „Леле, ја скрши вазната!“ Со тоа што наместо прашање користи изјава не му остава простор да лаже и му помага да научи да ја кажува вистината. (Библиско начело: Колошаните 3:9.)

Истакни колку е важна искреноста. За децата е карактеристично тоа што сакаат одобрување од своите родители. Искористи ја таа желба за да всадиш исправни вредности во своето дете. Јасно стави му до знаење дека искреноста е многу важна во вашето семејство и дека и од него се очекува да ја кажува вистината. (Библиско начело: Евреите 13:18.)

Објасни му дека лажењето ја руши довербата и дека, штом еднаш е срушена, треба многу време за повторно да се стекне. Мотивирај го да се однесува исправно со тоа што ќе го пофалиш кога е искрено. На пример, би можел да кажеш: „Многу се радувам што ја кажуваш вистината“.

Биди пример. Не можеш да очекуваш твоето дете да ја кажува вистината, а понекогаш те слуша како велиш „Кажи дека не сум дома“ кога не сакаш да зборуваш со некого на телефон или „Не доаѓам на работа, болен сум“, а ти, всушност, сакаш само малку да се одмориш. (Библиско начело: Јаков 3:17.)

Користи ја Библијата. Нејзините начела и извештаи за вистински ликови истакнуваат колку е важна искреноста. Книгата Учи од Големиот Учител, издадена од Јеховините сведоци, може да ти помогне да ги всадиш библиските начела во твоето дете. На пример, 22. поглавје има наслов „Зошто не треба да лажеме“. (Извадок од него можеш да прочиташ во рамката „ Книга што ќе му помогне на твоето дете“.) Книгата

^ пас. 11 Од книгата No: Why Kids—of All Ages—Need to Hear It and Ways Parents Can Say It.