Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

македонски

Разбудете се!  |  ноември 2014

„Силен и мрачен потсетник“

„Силен и мрачен потсетник“

НА ИСТОЧНИОТ брег на реката Мотојасу во Хирошима (Јапонија) уште од 1945 год. стојат остатоците од една зграда. Зошто не е реновирана речиси 70 години?

Оваа трикатница од цигла и малтер била довршена во 1915 год. и служела како саемска зграда во која се изложувале достигнувања на полето на индустријата. Но, тоа се сменило на 6 август 1945 год., во 8.15 часот. Тогаш, на околу 600 метри над градот и речиси директно над саемската зграда експлодирала првата атомска бомба употребена во војна. Сите во зградата веднаш умреле. Но, носечката конструкција сѐ уште стои.

Непроменета до ден-денес, таа е „силен и мрачен потсетник за најразорната сила создадена од човекот“, пишува во една статија на УНЕСКО. * Во 1996 год., оваа зграда беше ставена на Списокот на светското наследство на УНЕСКО под името Споменик на мирот во Хирошима.

За жал, ваквите потресни споменици не им ставија крај на војните, зад кои многу често стојат алчноста, национализмот и расната, верската и племенската омраза. Но, дали некогаш ќе им дојде крај на војните?

Библијата ни го дава одговорот. Во Псалм 46:9 пишува: „[Бог] ги прекинува војните до крајот на земјата. Го крши лакот, го здробува копјето, со оган ја пали колата“. Освен тоа, Бог ќе ги замени човечките влади со својата влада која ќе владее по целиот свет — Божјето Царство на чело со Исус Христос, кој е наречен „Цар на царевите“ (Откровение 11:15; 19:16).

Ова значи дека повеќе нема да има потреба од споменици кои ќе сведочат за бесмисленоста на војните. Во Исаија 65:17 пишува дека „она што беше порано“ — денешните страдања и болки — „нема да доаѓа во сеќавање, ниту ќе се јавува во срцето“.

^ пас. 4 Организација за образование, наука и култура при Обединетите нации.

Нешто повеќе

ОДГОВОР НА БИБЛИСКИ ПРАШАЊА

Што ќе постигне Божјето Царство?

Дознај што можеш да очекуваш кога Божјето Царство ќе владее над Земјата.