Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

македонски

Разбудете се!  |  ноември 2014

Поглед во светот

Поглед во светот

Еквадор

Во 2007 год., Еквадор објави дека планира да ја финансира заштитата на речиси 10.000 квадратни километри недопрена амазонска прашума и дека нема да дозволи црпење нафта на тоа подрачје. Меѓутоа, плановите пропаднаа поради недостиг на меѓународна финансиска поддршка. Овој дел од амазонската прашума е еден од регионите со најголем биодиверзитет во светот.

Јапонија

И покрај проверките и анализите, сѐ уште нема гаранција дека донираната крв не е заразена, се вели во The Japan News. Оваа вест беше објавена откако, во 2013 год., еден човек на 60-ина години бил заразен со ХИВ преку трансфузија на крв. Во периодот на инкубација, ХИВ-вирусот не може да се открие во донираната крв.

Зимбабве

Иако герилските борби во Зимбабве долж границата со Мозамбик престанаа пред повеќе од 30 години, сѐ уште има противпешадиски мини од кои илјадници луѓе загинуваат или остануваат инвалиди. „Од 1980 год. наваму, од мините поставени на пограничната територија на Зимбабве загинаа 1.500 луѓе и 120.000 грла добиток, а беа осакатени 2.000 луѓе“, известува Меѓународниот комитет на Црвениот крст.

Австралија

Според една анкета, сѐ поголем број брачни парови што се разведуваат се борат за старателство над миленичињата. Помеѓу заедничките работи за кои се спорат, миленичињата доаѓаат веднаш по недвижниот имот, парите и некои лични предмети.