Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

македонски

Разбудете се!  |  октомври 2014

 ЗЕМЈИ И НАРОДИ

Во посета на Белисе

Во посета на Белисе

БЕЛИСЕ е една педа земја, но со многу природни убавини — од тропски шуми до голем број острови начичкани во тиркизните крајбрежни води. Но, разноликиот пејзаж е само една од убавините што го красат Белисе.

Оваа земја е дом на стотици видови птици и животни. Некои од нив се жолтиот тукан (Ramphastos sulfuratus) и баирдовиот тапир (Tapirus bairdii), кој е сличен на носорогот и има многу флексибилен нос. Ова животно е многу брзо и на копно и под вода! Белисе е живеалиште и на јагуарот (Panthera onca) и се гордее со првиот резерват за јагуари во светот.

Белисе се гордее со првиот резерват за јагуари во светот

Во Белисе порано цветала културата на Маите. Во 16 век, пристигнале шпанските конквистадори, но не успеале целосно да ги покорат Маите. Подоцна, Британците ја презеле контролата над тоа подрачје кое во 1862 год. и официјално станало нивна колонија под името Британски Хондурас. Белисе ја стекна својата независност во 1981 год.

 Колку што е разнолик пејзажот во Белисе, толку разнолики се и народите што живеат таму. Меѓу главните етнички групи се Гарифуни, Индијци, Креоли, Маи и Местици. Луѓето се љубезни и учтиви. Кога децата зборуваат со возрасни, обично им се обраќаат со „госпоѓо“ или „господине“ и користат „да, госпоѓо“ или „не, господине“.

Пазар во Белисе Сити

Во Белисе има собранија на Јеховините сведоци на американски знаковен јазик, англиски, белисејски креолски, долногермански, кинески мандарински, маја (мопански) и шпански. Во 2013 год., отприлика секој 40-ти жител на Белисе присуствувал на Спомен-свеченоста на која Јеховините сведоци ја одбележуваат Христовата смрт.

СИ ЗНАЕЛ ЛИ ДЕКА... Коралниот гребен на Белисе е долг повеќе од 290 километри. Тој е дел од вториот по големина корален гребен во светот, веднаш по Големиот корален гребен во Австралија.

Коралниот гребен на Белисе е дел од вториот по големина корален гребен во светот