Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

македонски

Разбудете се!  |  октомври 2014

Поглед во светот

Поглед во светот

САД

Некои полициски единици користат технологија за да се намали ризикот при полициските потери. Во предната маска на патролните возила се вградува лансер со компримиран воздух кој испукува GPS локатор што се лепи за гонетото возило. Така осомничените се следат со безбедна брзина.

Индија

Според проценките, секој час е убиена една жена поради расправија околу миразот. Иако обичајот да се дава и да се добива мираз официјално е забранет, во 2012 год. над 8.200 жени беа убиени затоа што младоженецот или неговото семејство сметале дека миразот на невестата е мал.

Швајцарија

Додека биле на своето место за парење, на три големи пиштарки им биле прикачени мали сензори. Добиените резултати покажале дека птиците летале без престан повеќе од 200 дена на пат до Африка. Претходно, вакво непрекинато движење е забележано само кај морски животни.

Рогот на Африка

Помеѓу април 2005 и декември 2012 год., пиратите киднапирале 179 бродови во водите покрај Рогот на Африка. Според едно истражување на Светската банка, се проценува дека со тие криминални дејствија пиратите имаат изнудено откупнина во вредност од околу 300 милиони евра.