Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

македонски

Разбудете се!  |  август 2014

 СЛУЧАЈНО ИЛИ СОЗДАДЕНО?

Крилото на пеперутката кое апсорбира светлина

Крилото на пеперутката кое апсорбира светлина

НАУЧНИЦИТЕ бараат начини да направат соларни колектори кои поефикасно ќе ја апсорбираат сончевата енергија. Нивната цел е да се намали нашата зависност од фосилни горива. Еден научник вели: „Можно е решението за овој проблем цело време да ни било пред очи“.

Лушпите на крилото на пеперутката имаат шестоаголни дупчиња

Размисли: За да ја одржуваат телесната топлина кога е студено, пеперутките ги рашируваат крилјата кон сонцето. Особено крилјата на некои видови пеперутки од фамилијата Papilionidae многу ефикасно ја апсорбираат и ја акумулираат сончевата светлина. Ова е возможно не само поради темниот пигмент на овие пеперутки туку и поради структурата на микроскопските лушпи што се преклопуваат и со кои се обложени нивните крилја. Лушпите, пак, имаат редови со шестоаголни дупчиња одвоени со рабови во облик на латинично „V“ кои ја насочуваат светлината низ дупчињата. Оваа генијална структура ја апсорбира светлината, што придонесува крилјата да добијат јака црна боја, а пеперутката брзо да се стопли и да ја задржи топлината.

Во списанието Science Daily се вели: „Иако крилјата на пеперутката се едни од најкревките градби во природата, научниците црпат голема инспирација од нив за да развијат нова технологија со која двојно ќе се зголеми производството на водороден гас — еколошко гориво на иднината — од вода и сончева светлина“. Овие сознанија можат да најдат примена и во изработката на оптички инструменти и соларни колектори.

Што мислиш? Дали крилото на пеперутката кое апсорбира светлина настанало по пат на еволуција или е дело на мудар Творец?