Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

македонски

Разбудете се!  |  јули 2014

 СЛУЧАЈНО ИЛИ СОЗДАДЕНО?

Репродуктивниот систем на жабата што раѓа преку уста

Репродуктивниот систем на жабата што раѓа преку уста

ЕДНА австралиска жаба, за која се смета дека изумрела во 2002 год., имала необичен начин на размножување. Женката ги проголтувала своите оплодени јајца и околу шест седмици ги инкубирала во желудникот своите младенчиња, кои потоа излегувале од устата како потполно оформени жапчиња.

За да ги заштити јајцата, жабата не само што требало да престане да јаде туку и да престане да лачи желудочна киселина. Најверојатно, хемикалиите што се ослободувале од јајцата и од полноглавците го спречувале создавањето на желудочна киселина.

Жабата обично инкубирала дваесетина јајца. Пред да ги роди, вкупната тежина на младенчињата достигала и до 40 отсто од тежината на мајката. Тоа би било исто како една жена која пред бременоста имала 68 килограми да носи 24 бебиња, секое тешко по 1,8 килограми! Жапчињата толку ѝ го раширувале желудникот на жабата што тој сосема ѝ ги притиснувал белите дробови поради што морала да дише преку кожата.

Раѓањето обично траело неколку дена, а жапчињата излегувале како што се оформувале. Но, ако мајката насетела опасност, ги исфрлала сите одеднаш. Во една прилика, истражувачите виделе како една женка исфрлила шест жапчиња одеднаш, фрлајќи ги еден метар во воздухот.

Доколку, како што некои тврдат, репродуктивниот систем на оваа жаба еволуирал, тогаш кај неа требало во еден момент да настанат огромни промени и во физичкиот склоп и во однесувањето. Мајкл Тајлер, научник и еволуционист, напишал: „Невозможно е промените во нејзиниот репродуктивен систем да се случувале бавно и една по една... тој или функционира таков каков што е или воопшто не може да функционира“. Според Тајлер, единственото прифатливо објаснување е дека дошло до „еден огромен еволутивен скок“. Овој скок некои би го нарекле создавање. *

Што мислиш? Дали репродуктивниот систем на жабата што раѓа преку уста настанал случајно или е дело на мудар Творец?

^ пас. 7 Во својата книга Потеклото на видовите, Чарлс Дарвин напишал: „Природната селекција се одвива само преку мали последователни промени. Таа никогаш не може да направи... голем скок“.