Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

македонски

Разбудете се!  |  јули 2014

Поглед во светот

Поглед во светот

САД

Според статистичките податоци на Министерството за земјоделство, во текот на 2012 год., 14,5 отсто од домаќинствата во САД — што е вкупно 49 милиони луѓе — се нашле во ситуација кога „биле во неизвесност дали ќе можат да набават или, пак, воопшто не можеле да набават доволно храна за целото семејство“.

Шпанија

Според едно истражување спроведено меѓу студенти, околу 56 отсто од девојките и 41 отсто од момчињата признале дека учествувале во пијанки. Ова истражување го дефинира поимот пијанка како прилика во која се консумираат најмалку осум (за мажи) или шест (за жени) пијалаци.

Тихи Океан

На темел на примероците земени од Маријанскиот Ров на длабочина од околу 11.000 метри, научниците установиле дека, и покрај целосниот мрак, огромниот притисок на водата и температурите близу нулата, таму живеат бактерии и други микроорганизми. Претходно се мислеше дека е речиси невозможно да има живот на такви длабочини.

Обединети Арапски Емирати

Загрижени од проблемот со дебелината, лани, властите во Дубаи решија да ги наградат жителите кои ќе ослабат — за секој изгубен килограм по еден грам злато (во тоа време околу 45 американски долари). За да го добијат златото, луѓето мораа да се пријават и да изгубат најмалку 2 килограма во текот на месецот Рамазан.