Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

македонски

Разбудете се!  |  јуни 2014

Поглед во светот

Поглед во светот

Кина

Во првите девет месеци од 2013 год., стапката на развод во Пекинг се зголеми за 41 отсто во однос на истиот период претходната година. Експертите сметаат дека причина за ваквиот пораст е новиот данок од 20 отсто на капитална добивка при продажба на недвижен имот. Според законот, двојките кои поседуваат два недвижни имота и кои ќе се разведат, под извесни услови може да го поделат имотот и да продадат еден без да платат данок.

Свет

ОН сметаат дека инсектите што може да се јадат се решение за неисхранетоста. Тие се корисни зашто преработуваат материи кои човекот не може директно да ги конзумира. Во понов извештај на ОН се вели дека, поради високата хранлива вредност на инсектите, тие „би можеле да бидат добра замена за вообичаените извори на месо“. Но, извештајот наведува и дека „во некои општества, на јадењето инсекти се гледа со одбивност“.

Канада

Клиниките за вештачко оплодување се соочуваат со правна и морална дилема — што да прават со замрзнатите ембриони на чии „сопственици“ им се губи секаква трага. Само една ваква клиника чува 1.000 живи ембриони на пациенти што планирале ин витро оплодување, но кои „како да пропаднале в земја“.

Ирска

До 2013 год., католиците во Ирска што сакаа да стапат во брак имаа две опции — да склучат или верски или граѓански брак. Сега имаат уште една опција — секуларна венчавка што ќе ја одржи една хуманистичка група. Според Ројтерс, „сѐ повеќе двојки сакаат нешто повеќе од склучување брак во матична служба, но од друга страна не сакаат верска церемонија. Поради ова настана долг список на чекање“ за новата опција.