Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

македонски

Разбудете се!  |  јуни 2014

 СЛУЧАЈНО ИЛИ СОЗДАДЕНО?

Способноста за навигација на бумбарот лепешкар

Способноста за навигација на бумбарот лепешкар

ЗА БУМБАРОТ лепешкар изметот има разни намени. На пример, му служи како храна и полага јајца во него. Некои мажјаци ѝ нудат поголемо парче на женката во обид да ја освојат. За свеж измет, понекогаш доаѓа и до ривалство. Истражувачите набљудувале како рој од околу 16.000 бумбари се собрале на куп измет од слон и го отстраниле за само два часа.

Некои лепешкари си прават топче од изметот, го тргаат настрана тркалајќи го и го закопуваат кога ќе наидат на меко тло. Бумбарот лепешкар го тркала топчето по права линија зашто така најбрзо ќе се оддалечи од другите бумбари и ќе спречи некој да му го украде.

Но, како овој бумбар успева да не се врти во круг, особено навечер?

Размисли: Истражувањата покажале дека бумбарот лепешкар се ориентира користејќи ја светлината од Сонцето или од Месечината, но може да се движи по права линија дури и во ноќ без месечина. Група истражувачи во Јужноафриканската Република откриле дека во таков случај бумбарот не се ориентира следејќи поединечни ѕвезди, туку според светлината што ја создава нашата галаксија Млечен Пат. Списанието Current Biology наведува дека ова е „прв документиран случај некое живо суштество да се ориентира според Млечниот Пат“.

Истражувачот Маркус Бирн вели дека бумбарот лепешкар има „ефикасен систем за визуелна навигација кој функционира и при најслаба ѕвездена светлина, и покрај тоа што бумбарот има ограничена интелигенција. Затоа, од овој бумбар луѓето може да учат како да изработат роботи што ќе се снаоѓаат во мрак“. На пример, копирајќи го системот за навигација на бумбарот лепешкар, еден робот би можел да биде програмиран да бара преживеани во срушена зграда.

Што мислиш? Дали способноста за навигација на бумбарот лепешкар настанала по пат на еволуција или е дело на мудар Творец?

Си знаел ли дека...

бумбарите лепешкари ја прават почвата поровка и ја потхрануваат, ги разнесуваат семињата и ја намалуваат популацијата на муви.