Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

македонски

Разбудете се!  |  мај 2014

 ИНТЕРВЈУ | ГИЛЈЕРМО ПЕРЕЗ

Хирург зборува за својата вера

Хирург зборува за својата вера

Д-р Гилјермо Перез, кој сега е во пензија, до неодамна беше директор на одделот за хирургија во една голема болница во Јужноафриканската Република. Долги години тој верувал во еволуција. Но, подоцна се уверил дека Бог го создал човечкото тело. Разбудете се! зборуваше со него за неговата вера и професија.

Ќе сакате ли да ни кажете зошто верувавте во еволуција?

Иако бев воспитан како католик, не бев уверен дека Бог постои. На пример, не можев да верувам во Бог кој ги мачи луѓето во пекол. Затоа, кога на факултет учевме дека сите живи суштества еволуирале, а не дека се создадени од Бог, го прифатив тоа учење мислејќи дека е поткрепено со докази. Инаку, католичката црква не ја негираше еволуцијата и сметаше дека Бог се послужил со неа за да создаде сѐ.

Како се заинтересиравте за Библијата?

Мојата сопруга, Сузана, почна да ја проучува Библијата со Јеховините сведоци. Тие ѝ објаснија на темел на Библијата дека Бог не ги мачи луѓето во пекол * и дека наскоро ќе ја претвори Земјата во рај. * Најпосле најдовме логични учења! Во 1989 год., еден Сведок по име Ник почна редовно да доаѓа кај мене. Еднаш дискутиравме за тоа како настанал човекот и како функционира човечкото тело. Многу ме одушеви едноставната логика на библиските зборови од Евреите 3:4, каде што пишува дека „секоја куќа некој ја изградил, а Бог е оној што изградил сѐ“.

Дали тоа што го изучувавте човечкото тело Ви помогна да верувате во Творец?

Да. Начинот на кој нашето тело се регенерира бил прецизно осмислен. На пример, раните зараснуваат во четири последователни фази што се преклопуваат. Ова ме направи свесен дека јас како хирург само ја потпомагам способноста на човечкото тело да се регенерира.

Ќе ни објасните ли што се случува кога телото е повредено?

За само неколку секунди почнува првата фаза од една низа процеси чија цел е да го сопрат крвавењето. Овие процеси се исклучително сложени и ефикасни. Овде би спомнал дека на нашиот циркулаторен систем, во кој има крвни садови  со вкупна должина од околу 100.000 километри, може да му позавидат и најдобрите стручњаци за водоводна инсталација, зашто тој самиот ги затвора местата што протекуваат и самиот се поправа.

Што вклучува втората фаза?

Крвавењето сопира за неколку часа и тогаш настанува воспаление. Оваа фаза се одвива во неколку неверојатни чекори. Прво, крвните садови кои при повредата се стесниле за да се намали загубата на крв, сега се шират за да се зголеми дотокот на крв до повредениот дел. Потоа, една течност богата со протеини предизвикува повреденото место да отече. Оваа течност е неопходна за организмот да се избори со инфекцијата, за да се разредат токсините и за да се отстрани оштетеното ткиво. За секој чекор се потребни милиони специјализирани молекули и клетки кои се создаваат преку низа процеси. Некои од овие процеси завршуваат откако ќе ја поттикнат следната фаза.

Како понатаму се одвива зараснувањето?

Во рок од неколку дена нашето тело почнува да го создава сето она што е потребно за да се регенерира повреденото ткиво. Со овој процес почнува третата фаза која е најинтензивна по околу две седмици. До повреденото место доаѓаат клетки кои почнуваат да се размножуваат и да формираат сврзно ткиво врз него. Исто така, почнуваат да се создаваат голем број ситни крвни садови кои се шират кон повредениот дел од каде што ги отстрануваат штетните материи, а носат дополнителни хранливи материи што се потребни во текот на овој процес. Во една друга низа сложени процеси се произведуваат специјализирани клетки кои ги затвораат рабовите на раната.

Значи, се случуваат толку многу работи! А уште колку време треба за целосно да зарасне една повреда?

Последната фаза може да трае со месеци. Во оваа фаза скршените коски ја враќаат својата првобитна цврстина, а при повреда на меко ткиво, претходно формираното сврзно ткиво се заменува со поцврсто ткиво. Целиот овој процес на зараснување е извонреден пример за прецизно програмирана координација.

Можете ли да ни кажете случај што Ви оставил посебен впечаток?

Чувствувам голема страхопочит кога гледам како телото само се обновува

Да. Имав 16-годишна пациентка повредена во тешка сообраќајна несреќа. Девојката беше во критична состојба — имаше повреда на слезината и внатрешно крвавење. Пред многу години во вакви ситуации беше пракса да се изврши операција или за да се отстрани слезината или за да се санира повредата. Денес, лекарите повеќе практикуваат да го остават телото самото да се регенерира. Кај таа пациентка, јас само ја лекував инфекцијата, се трудев да ја надоместам загубата на течности, да ја подобрам крвната слика и да ја намалам болката. По неколку седмици снимките покажаа дека слезината ѝ е зарасната! Чувствувам голема страхопочит кога гледам како телото само се обновува. Тоа уште повеќе ме уверува дека Бог нѐ создал.

Што Ви се допадна кај Јеховините сведоци?

Видов дека се фини луѓе и секогаш ми одговараа користејќи ја Библијата. Ме одушевуваше и смелоста со која им ги пренесуваат своите верувања на другите и им помагаат да дознаат нешто повеќе за Бог.

Дали тоа што станавте Јеховин сведок Ви помогна и во работата?

Да. Ми помогна со емоционалната исцрпеност која честопати е дел од животот на лекарите и медицинските сестри кои постојано се во контакт со болни или повредени луѓе. Исто така, кога некои пациенти сакаа да разговараат, можев да им објаснам за ветувањето на нашиот Творец дека ќе им стави крај на болестите и страдањата * и дека ќе воспостави свет во кој никој нема да рече: „Болен сум“. *