Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

македонски

Разбудете се!  |  април 2014

 ТЕМА ОД НАСЛОВНАТА | ЗОШТО ДА ЖИВЕЕШ?

Има помош

Има помош

„Сите свои грижи фрлете ги на [Бог], зашто тој се грижи за вас“ (1. ПЕТРОВО 5:7)

Кога мислиш дека нема излез од твојата ситуација, смртта може да ти се чини подобра од животот. Но, еве неколку работи што можат да ти помогнат.

Молитва. Молитвата не е само „апче“ против проблемите ниту, пак, решение кон кое прибегнуваме само кога сме во очај. Таа е вистинска комуникација со Јехова Бог, кој се грижи за тебе. Јехова сака да му кажеш што те мачи. Всушност, Библијата нѐ поттикнува: „Фрли го своето бреме на Јехова, и тој ќе те поткрепи“ (Псалм 55:22).

Зошто не разговараш со Бог во молитва уште денес? Користи го неговото име, Јехова, и слободно кажи му за сѐ (Псалм 62:8). Јехова сака да ти биде пријател (Исаија 55:6; Јаков 2:23). Можеш да се молиш во секое време и на секое место.

Според Американската фондација за спречување самоубиства, „истражувањата одново и одново покажуваат дека повеќето од оние што извршиле самоубиство — 90% или повеќе — страдале од ментално нарушување кога си го одзеле животот. Меѓутоа, честопати овие нарушувања не биле препознати, дијагностицирани или соодветно лекувани“.

Луѓе што те сакаат. Твојот живот е вреден за другите — за твоето семејство и за пријателите кои можеби веќе ти кажале дека се загрижени за тебе. Твојот живот е скапоцен и за луѓе кои можеби никогаш не си ги ни запознал. На пример, додека проповедаат, Јеховините сведоци понекогаш наидуваат на очајни луѓе, а некои од нив дури и им признале дека им е неопходна помош и дека размислувале да си го одземат животот. Јеховините сведоци, кои одат кај сите луѓе, имаат можност да им помогнат на таквите лица. Исто како Исус, и тие се заинтересирани за доброто на своите ближни. Тие се заинтересирани и за тебе (Јован 13:35).

Стручна помош. Кога некој размислува за самоубиство, тоа честопати е показател за некакво растројство на расположението, како што е клиничката депресија. Не е срамота да имаш такво растројство, како што не е срамота ни да имаш физичка болест. Всушност, депресијата уште е наречена и „настинка на умот“. Секој може да фати ваква „настинка“, но таа може да се лекува. *

НЕ ЗАБОРАВАЈ: Кога си длабоко потонат во депресија како во некоја длабока бездна, обично не можеш сам да излезеш од неа. Но, со помош од некој друг, можеш.

ПРЕДЛОГ: Побарај добар лекар за растројства на расположението, како што е депресијата.

^ пас. 8 Ако во главата постојано ти се вртат мисли за самоубиство, дознај каде можеш да најдеш помош — можеби на СОС-линијата за кризни состојби или во некоја психијатриска установа. Таму работат луѓе што се обучени да пружат помош.