Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

Select language македонски

 ТЕМА ОД НАСЛОВНАТА | ЗОШТО ДА ЖИВЕЕШ?

Има надеж

Има надеж

„Кротките ќе ја поседуваат земјата и ќе уживаат во изобилен мир“ (ПСАЛМ 37:11)

Библијата отворено кажува дека животот е „полн е со немир“ (Јов 14:1). Денес нема човек без проблеми. Но, некои луѓе се чувствуваат толку безнадежно што сѐ им е црно во животот. Дали и ти се чувствуваш така? Ако да, можеш да бидеш уверен дека Библијата дава вистинска надеж — не само за тебе туку и за сите луѓе. На пример:

  • Библијата учи дека Јехова Бог имал намера да живееме многу подобро (1. Мојсеева 1:28).

  • Јехова Бог ветува дека ќе ја направи Земјата рај (Исаија 65:21-25).

  • Ова ветување сигурно ќе се исполни. Во Откровение 21:3, 4 пишува:

    „Еве го Божјиот шатор меѓу луѓето! Бог ќе живее со нив и тие ќе бидат негов народ и самиот Бог ќе биде со нив. И тој ќе ја избрише секоја солза од нивните очи и смрт нема да има веќе, ни тага, ни пискот, ниту болка. Сѐ што беше порано, помина“.

Оваа надеж не е само сон. Јехова Бог е решен да ја оствари, а освен тоа има и моќ и желба да го направи тоа. Надежта што ја наоѓаме во Библијата е сигурна надеж и ни дава силна мотивација да живееме.

НЕ ЗАБОРАВАЈ: Иако понекогаш твоите чувства ќе бидат како чамец фрлан од брановите на немирно море, надежта од Библијата може да ти биде како сигурна котва.

ПРЕДЛОГ: Почни да истражуваш каква надеж дава Библијата за иднината. Јеховините сведоци со задоволство ќе ти помогнат. Можеш да стапиш во контакт со Сведоците во твоето место или на нашата интернет-страница jw.org/mk. *

^ пас. 11 Предлог: Оди на jw.org/mk и кликни на ИЗДАНИЈА > БИБЛИОТЕКА. Таму можеш да најдеш повеќе информации ако ги внесеш зборовите „депресија“ и „самоубиство“.