Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

македонски

Разбудете се!  |  март 2014

 ЗЕМЈИ И НАРОДИ

Во посета на Ел Салвадор

Во посета на Ел Салвадор

ПРЕД речиси 500 години, кога Шпанците пристигнале на територијата на денешен Ел Салвадор, најмоќното племе во таа област ја нарекувало својата земја Кускатлан — име што значи „земја на скапоцениот камен“. Денес, повеќето луѓе во Ел Салвадор се потомци на домородците и европските доселеници.

Салвадорците се познати како вредни и дружељубиви луѓе. Исто така, тие се учтиви и пристојни. Пред да почнат разговор или кога ќе влезат во некој дуќан, се поздравуваат со „буенос дијас“ (добро утро) или „буенас тардес“ (добар ден). Всушност, Салвадорците што живеат во селата и во малите градови сметаат дека е непристојно да одминеш некого без да го поздравиш.

Одгледувањето на кафе имало големо влијание врз историјата на Ел Салвадор

Едно од омилените јадења во Ел Салвадор е пупусата — тортилја од пченкарно (или оризово) брашно полнета со сирење и грав, а може да биде полнета и со свинско месо или нешто друго. Пупусите обично се служат со сос од домати и со куртидо — мешавина од зелка, моркови, кромид и зачинет оцет. Некои ги јадат со нож и виљушка, но традиционално се јадат со раце.

Пупусите се едно од омилените јадења во Ел Салвадор

Водопадот Лос Терсиос (Сучитото)

 СИ ЗНАЕЛ ЛИ ДЕКА... Ел Салвадор е наречен земја на вулкани. Има над 20 вулкани, а некои сѐ уште се активни. Водите на водопадот Лос Терсиос паѓаат во слапови врз високи шестоаголни камени столбови образувани со вулканска активност.

Во Ел Салвадор има повеќе од 38.000 Јеховини сведоци кои се организирани во околу 700 собранија. Тие ја проучуваат Библијата со околу 43.000 луѓе на шпански, англиски и салвадорски знаковен јазик.