Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

македонски

Разбудете се!  |  март 2014

 ШТО ВЕЛИ БИБЛИЈАТА

Пари

Пари

Дали парите се зло?

„Љубовта кон парите е корен на секакви зла“ (1. Тимотеј 6:10)

ШТО ВЕЛАТ НЕКОИ:

Парите се зло.

ШТО ВЕЛИ БИБЛИЈАТА:

Љубовта кон парите“, а не самите пари, носи „секакви зла“. Во Библијата, цар Соломон, кој бил многу богат човек, истакнал три зла што обично ги снаоѓаат луѓето кои ги сакаат парите. Грижи: „Богатството на богатиот не му дава да спие“ (Проповедник 5:12). Незадоволство: „Кој го љуби среброто, никогаш не му е доста сребро, и кој го сака богатството, никогаш не му е доста добивка“ (Проповедник 5:10). Искушение да се прекрши законот: „Оној што брза да се збогати, не останува невин“ (Изреки 28:20).

 За што служат парите?

„Парите се заштита“ (Проповедник 7:12)

ШТО ВЕЛАТ НЕКОИ:

Парите ти даваат сигурност и те прават среќен.

ШТО ВЕЛИ БИБЛИЈАТА:

Во Библијата се зборува за „измамливоста на богатството“ (Марко 4:19, Превод на д-р Д. Х. Константинов). Значи, идејата дека со пари можеш да си купиш среќа и сигурност е само заблуда. Но, од друга страна, Библијата вели дека „парите набавуваат сѐ“ (Проповедник 10:19). На пример, со парите можеш да купиш работи што се неопходни за живот, како што се храна и лекови (2. Солуњаните 3:12).

Исто така, парите ти помагаат да се грижиш за своето семејство. Всушност, Библијата вели: „Ако некој не се грижи за своите, а посебно за домашните, се одрекол од верата“ (1. Тимотеј 5:8).

Како мудро да ги користиш парите?

,Најнапред седни и пресметај го трошокот‘ (Лука 14:28)

ШТО ВЕЛИ БИБЛИЈАТА:

Користи ги парите на начин што Бог го одобрува (Лука 16:9). Мудро е парите да ги користиме разумно и чесно (Евреите 13:18). За да не паднеме во замката да живееме во долгови, Библијата нѐ советува: „Во вашиот живот нека нема љубов кон парите“ (Евреите 13:5).

Библијата не вели дека е погрешно да се земаат пари на заем, но го дава ова предупредување: „Кој зема на заем, слуга му е на оној што му го дава заемот“ (Изреки 22:7). Немој да го купуваш првото нешто што ќе го видиш, зашто „секој што избрзува, сигурно оди кон немаштија“ (Изреки 21:5). Наместо тоа, ‚ставај настрана‘ пари и штеди за да го купиш она што ти е важно (1. Коринќаните 16:2).

Поттикот од Библијата е: „Давајте“ (Лука 6:38). Оние што сакаат да го радуваат Бог имаат добра причина да бидат дарежливи затоа што „Бог го сака веселиот дарител“ (2. Коринќаните 9:7). Затоа, ‚не заборавај да правиш добро и да делиш со другите, зашто со таквите жртви му се угодува на Бог‘ (Евреите 13:16).