Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

македонски

Разбудете се!  |  февруари 2014

 СЛУЧАЈНО ИЛИ СОЗДАДЕНО?

Фенерчето на некои светулки

Фенерчето на некои светулки

ФЕНЕРЧЕТО, односно органот што произведува светлина, на некои светулки од фамилијата Photuris е прекриено со лушпи кои создаваат нерамна површина. Ваквата површина значително ја засилува светлината што ја испуштаат овие инсекти. *

Лушпите на фенерчето

Размисли: Научниците откриле дека ситните лушпи на фенерчето формираат брановидна површина и се преклопуваат како ќерамиди на покрив од куќа. Овие лушпи се преклопуваат една со друга само три микрометри — растојание што е повеќе од дваесет пати помало од дебелината на човечкото влакно. Иако ова преклопување е толку мало, светлината што поминува низ ваквата површина е речиси 50 отсто посилна од светлината која би минувала низ рамна површина.

Дали со ова откритие може да се подобри ефикасноста на лед диодите кои се користат во многу електронски уреди? За да го откријат тоа, научниците обложиле лед диоди со површина слична на површината на фенерчето од светулката. Кој бил резултатот? Диодите испуштале до 55 отсто повеќе светлина. Аника Беј, која е физичар, вели: „Овој пример ни покажува колку многу можеме да научиме ако внимателно ја набљудуваме природата“.

Што мислиш? Дали фенерчето на некои светулки од фамилијата Photuris настанало по пат на еволуција или е дело на мудар Творец?

^ пас. 3 Научниците сѐ уште не ги испитале сите видови светулки од фамилијата Photuris.