Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

македонски

Разбудете се!  |  јануари 2014

 ИНТЕРВЈУ | ФЕНГ-ЛИНГ ЈАНГ

Микробиолог зборува за својата вера

Микробиолог зборува за својата вера

Фенг-Линг Јанг е истражувач при Центарот за научни истражувања во Тајпеј (Тајван). Нејзините трудови се објавени во многу научни списанија. Порано верувала во теоријата на еволуција, но подоцна го сменила мислењето. Разбудете се! разговараше со неа за нејзината вера и професија.

Кажете ни нешто за Вас.

Моите родители беа многу сиромашни, а мајка ми никогаш не научи да чита. Чувавме свињи и одгледувавме зеленчук во едно место во близина на Тајпеј каде што често имаше поплави. Родителите ми помогнаа да сфатам колку е важно човек вредно да работи, а ме научија и да им помагам на другите.

Дали Вашето семејство беше религиозно?

Ние бевме таоисти. Принесувавме жртви, но не знаевме ништо за вистинскиот Бог. Често се прашував: ‚Зошто страдаат луѓето? Зошто се себични?‘ Читав книги за таоизмот и будизмот и за историјата на источните и на западните земји. Дури и отидов во некои цркви. Но, никаде не најдов одговор на моите прашања.

Зошто се посветивте на науката?

Многу ја сакав математиката и бев фасцинирана од тоа како физичките и хемиските закони управуваат со структурата на сѐ што постои. Сѐ — од огромната вселена до ситните микроорганизми — има структура со која управуваат закони. Сакав да дознаам повеќе за нив.

Зошто верувавте во теоријата на еволуција?

Од основно училиште па сѐ до факултет, еволуцијата беше единственото објаснување за потеклото на животот за кое знаев. А потоа, како научник, од мене се очекуваше да ја прифатам еволуцијата како факт.

Како научник, од мене се очекуваше да ја прифатам еволуцијата како факт

Што Ве поттикна да почнете да ја читате Библијата?

Во 1996 год., отидов во Германија на постдипломски студии. Следната година запознав една жена по име Симон. Таа беше Јеховин сведок и ми понуди да ми покаже каков одговор дава Библијата на  моите прашања. Посебно ме заинтересира кога ми кажа дека Библијата објаснува која е смислата на животот. Секое утро станував во четири и пол и еден час читав Библија. Потоа излегував на прошетка за да размислувам за она што го читав. За една година ја прочитав Библијата. Ме одушеви колку се точни пророштвата запишани во неа. Со текот на времето, се уверив дека Библијата е книга од Бог.

Какво беше Вашето сфаќање за потеклото на животот?

При крајот на 1990-тите, кога почнав подлабоко да истражувам на таа тема, молекуларните биолози почнаа да сфаќаат дека хемиските процеси во живите организми се многу посложени отколку што се мислеше. Се разбира, научниците одамна беа свесни дека протеините во живите клетки се хемиски најсложените молекули. Но, тогаш дознаа како се организирани цели групи протеини за да образуваат прекрасни машини со подвижни делови. Една ваква машина може да се состои од над 50 протеини. Дури и на наједноставните клетки им требаат неколку различни машини — на пример, една да создава енергија, друга да ги копира информациите, трета да контролира што влегува и што излегува низ мембраните итн.

До каков заклучок дојдовте?

Па, си размислував: ‚Како настанале овие протеински машини?‘ Во тоа време, поради неочекувано сложената хемиска структура на клетките, многу научници си го поставуваа истото прашање. Еден професор по биохемија од САД објави книга во која тврди дека молекуларните машини во живите клетки се толку сложени што не е можно да настанале случајно. Потполно се соласував со тоа. Сметав дека животот мора да бил создаден.

Си размислував: ‚Како настанале овие протеински машини?‘

Зошто станавте Јеховин сведок?

Голем впечаток ми остави тоа што, иако Симон имаше здравствени проблеми, секоја седмица патуваше околу 55 километри за да ме поучува за Библијата. Дознав дека во нацистичка Германија некои Сведоци биле затворени во концентрациони логори затоа што биле политички неутрални. Нивната храброст ми остави силен впечаток. Кога видов колку многу Сведоците го сакаат Бог, посакав и јас да бидам како нив.

Како Ви помага верата во Бог?

Колегите ми велат дека сега сум посреќна. Поради скромното потекло имав комплекс на ниска вредност, па затоа никому не кажував каде сум пораснала ниту, пак, ги спомнував моите родители. Но, од Библијата дознав дека на Бог не му е важен социјалниот статус. Всушност, Исус пораснал во семејство што веројатно било исто толку сиромашно како и моето. Сега се грижам за моите родители и со задоволство им ги претставувам на моите пријатели.

Нешто повеќе

КНИГИ И БРОШУРИ

Дали животот е Божје дело?

Важно ли е што веруваш во врска со потеклото на животот?