Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Јеховини сведоци

македонски

Разбудете се!  |  октомври 2013

 СОВЕТИ ЗА СЕМЕЈСТВАТА | БРАК

Кога едно пријателство ќе отиде предалеку

Кога едно пријателство ќе отиде предалеку

ПРЕДИЗВИК

Имаш пријател од спротивниот пол кој потполно те разбира. Со него можеш да зборуваш за сѐ и сешто. ‚Ние сме само пријатели‘, си велиш. Но, можеби твојот сопруг нема да мисли така доколку дознае за вашите долги разговори. *

Веројатно, ти и твојот пријател веќе сте премногу блиски и треба да преземеш нешто во врска со тоа. Но, најпрво, размисли како вашето пријателство отишло предалеку.

ЗОШТО СЕ СЛУЧУВА ТОА

Внатрешно задоволство. Факт е дека на сите ни годи вниманието од спротивниот пол. Убаво ни е кога знаеме дека некој нѐ цени. Така се чувствуваме попривлечни. Но, да речеме дека, иако веќе некое време си во брак, почнуваш да се чувствуваш посигурно во друштвото на некој друг маж. Сепак, имај го ова на ум: ако таквата потреба ја задоволува некој друг, а не твојот сопруг, последици сигурно ќе има. Кога емотивно ќе се врзеш за друга личност, се создава јаз меѓу тебе и твојот маж. Со тоа, на некој начин му ја ускратуваш љубовта што со право му припаѓа.

• Прашај се: ‚Зошто се чувствувам поубаво со мојот пријател отколку со мојот сопруг?‘

Потреба за внимание. Библијата кажува дека оние што стапуваат во брак ќе имаат извесни „неволји“ (1. Коринќаните 7:28). На пример, понекогаш можеби чувствуваш дека твојот брачен другар не ти обрнува доволно внимание или дека не те цени. Што ако чувствуваш огорченост поради некое нерасчистено недоразбирање? Можеби тој избегнува да разговара за проблемот, што страшно те нервира, и затоа почнуваш да бараш внимание од друг. Некои експерти велат дека тоа што некој избегнува да разговара за сериозните проблеми може да биде погубно за бракот, па дури и да доведе до развод.

• Прашај се: ‚Дали имам чувство дека во мојот брак недостига нешто поради што сум склона да барам несоодветно внимание од друг?‘

 ШТО МОЖЕШ ДА НАПРАВИШ

Биди свесна за опасноста. Библијата вели: „Може ли некој да стави оган во пазувите, а да не му се запали облеката?“ (Изреки 6:27). Вистината е дека, ако ти се родат романтични чувства кон некој друг, твојот брак е во опасност (Јаков 1:14, 15). Немој да мислиш само што може да се случи — размисли што веќе се случило. Посветувајќи му внимание на некој друг, ти му го скратуваш вниманието што му го должиш на сопругот.

Не се залажувај. Ако премногу се зближиш со друг, може да почнеш да се прашуваш како би ти било да си мажена за него. Но, не е фер да правиш споредба меѓу добрите страни на твојот пријател и слабостите на маж ти! И нешто друго мораш да имаш на ум — возбудата што ја чувствуваш кога мислиш на твојот пријател веројатно е истата возбуда што во почетокот си ја чувствувала и кон твојот маж. (Библиско начело: Еремија 17:9.)

Постави граници. За да си ја заштитат колата или куќата од крадци, луѓето поставуваат аларми. Нешто слично можеш да направиш и со твојот брак. „Чувај си го срцето“, вели Библијата (Изреки 4:23). Како можеш да го направиш ова? Еве неколку предлози:

  • Јасно покажи им на другите дека си во брак — на пример, на работа би можела да имаш слика од твојот маж. (Библиско начело: 1. Мојсеева 2:24.)

  • Одлучи што ќе толерираш, а што не во поглед на односите со лица од спротивниот пол. На пример, не би било на место со еден таков пријател да зборуваш за твоите брачни проблеми или да излезеш на кафе со колега од работа.

  • Ако премногу си се зближила со некој од спротивниот пол, прекини ја таа врска. Ако ова ти звучи претешко, прашај се зошто. Наместо да се обидуваш да го оправдаш пријателството со тој човек, мисли на твојот сопруг и направи нешто за да си го заштитиш бракот. (Библиско начело: Изреки 5:18, 19.)

^ пас. 4 Иако оваа статија е напишана во женски род, начелата важат и за жените и за мажите.