Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

македонски

Разбудете се!  |  април 2013

 ШТО ВЕЛИ БИБЛИЈАТА

Здравје

Здравје

Важно ли му е на Бог дали си го чуваме здравјето?

„Не биди меѓу оние што се опиваат со вино, ниту меѓу оние што лакомо јадат месо“ (Изреки 23:20).

ЗОШТО Е ВАЖНО:

Библијата не е медицински прирачник ниту, пак, во неа се изнесени правила за секое поле од животот. Сепак, од помош ќе ни биде ако знаеме како гледа Бог на здравјето, а неговото гледиште е запишано во Библијата.

ШТО ВЕЛИ БИБЛИЈАТА:

Има многу библиски стихови што ни помагаат да сфатиме дали на Бог му е важно како гледаме на нашето здравје. На пример, Библијата ги осудува штетните навики, како што се прекумерното јадење и пиење (Изреки 23:20). Законот кој Бог им го дал на древните Израелци содржел одредби за контрола, па дури и за спречување на некои болести. Во него имало и прописи за заштита од несреќи (5. Мојсеева 22:8). Очигледно, Библијата нѐ поттикнува да преземеме разумни мерки за да си го чуваме здравјето.

 Според Библијата, зошто се разболуваме?

„Преку еден човек гревот влезе во светот и преку гревот смртта“ (Римјаните 5:12).

ШТО ВЕЛАТ ЛУЃЕТО:

Многумина мислат дека болестите се нуспроизвод на еволуцијата на човекот. Други сметаат дека причина за нашите здравствени проблеми се некои мистериозни сили, односно зли духови.

ШТО ВЕЛИ БИБЛИЈАТА:

Според Библијата, се разболуваме затоа што првите луѓе се побуниле против Бог (Римјаните 5:12). Пред да се побунат, нашите прародители, Адам и Ева, имале совршено здравје. Тие знаеле дека ќе умрат ако го отфрлат Бог и сето она што тој го правел за нив (1. Мојсеева 2:16, 17). И покрај тоа, тие свесно си го расипале односот со Бог, поради што го изгубиле совршенството. *

Откако Адам и Ева се побуниле, станале несовршени, а несовршенството ни го пренеле и нам. Затоа, и покрај сите напори на луѓето да ги искоренат болестите, ние сѐ уште се разболуваме.

ШТО МОЖЕШ ДА СТОРИШ:

Библијата кажува дека, ако се помириш со Бог така што ќе живееш според неговите мудри начела, ќе имаш можност да добиеш совршено здравје во рајот на Земјата (Исаија 33:24). Бог ветува дека ќе ги отстрани болката, болестите и смртта (Откровение 21:3, 4).

Дали Библијата е против медицинските третмани?

„На здравите не им треба лекар, туку на болните“ (Матеј 9:12).

ШТО ВЕЛАТ ЛУЃЕТО:

Некои луѓе сметаат дека духовното лекување (уште познато и како исцелување со вера) е подобро од медицинските третмани.

ШТО ВЕЛИ БИБЛИЈАТА:

Во библиски времиња, Бог дозволил да има лекари меѓу неговиот народ (1. Мојсеева 38:28; Колошаните 4:14). Ништо во Библијата не покажува дека Бог не одобрувал користење на лековити растенија, масла, посебен режим на исхрана и други медицински третмани. Всушност, Исус рекол дека „на здравите не им треба лекар, туку на болните“ (Матеј 9:12).

Меѓутоа, Библијата не вели дека секој вид на лекување е во ред. На пример, таа не го одобрува исцелувањето со вера што се врши денес. За Бог не се прифатливи ни лекувањата што вклучуваат спиритизам (Галатите 5:19-21). Значи, освен лекувањата што се осудени во Библијата, нема ништо погрешно, дури е и мудро, да се побара соодветна медицинска помош, доколку е достапна.

^ пас. 10 Во оваа статија, зборовите „совршен“ и „совршенство“ укажуваат на доброто здравје што Бог им го дал на првите луѓе, односно на состојба без болести и смрт.