Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

македонски

Разбудете се!  |  април 2013

Watching the World

Watching the World

САД

Во седмицата од 29 октомври 2012 год., во Њујорк имаше драстичен пад на бројот на убиства, тешки кривични дела и кражби во споредба со истиот петдневен период во 2011 год. Причината беше ураганот Сенди, страшна бура која го опустоши источниот брег на САД, предизвикувајќи прекини на електричната енергија. Пол Браун, портпаролот на њујоршката полиција, изјави: „По некоја катастрофа или трагедија како [терористичкиот напад од 11 септември 2001 год.], се забележува опаѓање на бројот на криминални дејства“. Но, порасна бројот на провали, што не беше изненадување за г. Браун. „Многу реони се неосветлени“, рече тој.

Антарктик

Научниците се загрижени дека екосистемот на Антарктикот е доведен во опасност поради некои неавтохтони растенија кои брзо се шират. Се проценува дека десетиците илјади луѓе што секоја година доаѓаат на овој континент ненамерно донесуваат со себе просечно по 9,5 семиња, кои обично им се залепени за чизмите или на багажот. На западниот дел од антарктичкиот полуостров веќе се откриени колонии неавтохтони растенија.

Холандија

Една 83-годишна жена е првиот пациент со имплантирана титаниумска вилица направена со 3Д ласерски принтер. Пациентката, чија вилица била уништена поради инфекција на коската, сега може нормално да јаде, да дише и да зборува. Ласерскиот принтер ги споил честичките титаниум слој по слој за да направи копија на нејзината вилица, која потоа ѝ била вградена хируршки.

Германија

Една година по донесувањето на законот со кој се забранува пушење на одредени јавни места во Германија, резултатите добиени од следењето на група испитаници покажаа дека бројот на пациенти со ангина пекторис се намалил за 13,3 отсто, а бројот на пациенти со срцев удар за 8,6 отсто.