Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

македонски

Разбудете се!  |  февруари 2013

 СОВЕТИ ЗА СЕМЕЈСТВАТА | БРАК

Како да престанат кавгите

Како да престанат кавгите

ПРЕДИЗВИК

Ти и твојот брачен другар просто не знаете смирено да разговарате. Како нонстоп да сте под напон и не знаете во кој момент некој од вас ќе експлодира.

Ако ова е случај и во твојот брак, биди сигурен дека ситуацијата може да се смени. Но, најпрво ќе треба да откриеш зошто толку се карате.

ЗОШТО СЕ СЛУЧУВА ТОА

Недоразбирања.

Една жена по име Џилијан * вели: „Понекогаш, она што ќе му го кажам на маж ми не е она што мислев да му го кажам или се случува да си мислам дека сум му кажала нешто, а всушност само сум сонувала дека сум му кажала!“

Разлики во мислењата.

Колку и да изгледа дека си одговарате со брачниот другар, за некои работи ќе имате различни мислења. Зошто? Затоа што не постојат две личности што се потполно исти — факт што може или да го разубави бракот или да доведе до затегнати односи. Во многу случаи, резултатот е затегнати односи.

Лош пример од родителите.

„Моите родители многу се караа и си кажуваа тешки зборови“, вели една жена по име Рејчел, „па кога се омажив, со маж ми зборував како што мајка ми зборуваше со татко ми. Едноставно не знаев како да покажам почит.“

Коренот на проблемот.

Кога ќе дојде до жестока кавга, многу често вистинската причина е нешто друго, а не она што дало повод за неа. На пример, кога една кавга ќе почне со приговорот: „Секогаш доцниш“, вистинската причина можеби не е доцнењето туку тоа што едниот брачен партнер смета дека другиот е безобѕирен.

Сеедно која е причината, честите расправии може лошо да се одразат на здравјето, па дури и да доведат до развод. Како тогаш да престанете да се карате?

 ШТО МОЖЕШ ДА НАПРАВИШ

Една многу важна работа за да не се карате е да откриете кои се вистинските причини за кавгите. Кога и двајцата сте смирени, пробајте да го направите следново:

1. На посебен лист хартија, секој од вас нека напише за што се скаравте последниот пат. На пример, мажот можеби ќе напише: „Цел ден беше со пријателките, а не ми се ни јави да ми кажеш каде си“. Жената можеби ќе напише: „Криво ти е што бев со пријателките“.

2. Размислете објективно за следниве прашања: Дали проблемот беше навистина сериозен? Моравме ли да креваме толку прашина околу тоа? Во некои случаи, за да се зачува мирот дома, можеби е добро едноставно да признаете дека е во ред да имате различни мислења и да оставите љубовта да ги покрие несовршеностите. (Библиско начело: Изреки 17:9.)

Ако заклучите дека се работи за ситница, извинете се еден на друг и сметајте дека тоа е веќе зад вас. (Библиско начело: Колошаните 3:13, 14.)

Ако едниот од вас мисли дека се работи за сериозен проблем, преминете на следниот чекор.

3. Секој нека напише како се чувствувал додека се каравте. На пример, мажот можеби ќе напише: „Имав чувство дека повеќе сакаш да си со пријателките отколку со мене“. Жената можеби ќе напише: „Имав чувство дека ме третираш како дете и дека морам за сѐ да ти поднесам сметка“.

4. Сменете си ги листовите и прочитајте што сте напишале. Што е она што вистински го загрижува другиот? Зборувајте што можевте да направите поинаку за да го решите вистинскиот проблем без кавга. (Библиско начело: Изреки 29:11.)

5. Зборувајте за тоа што научивте од ваквиот пристап. Како она што го научивте може да ви помогне да ги решавате несогласувањата или да спречите да дојде до нив?

^ пас. 7 Имињата се сменети.

 

Нешто повеќе

ДОБРА ВЕСТ ОД БОГ!

Како да имаш среќен семеен живот?

Јехова, среќниот Бог, сака семејствата да бидат среќни. Дознај какви совети им дава Библијата на сопрузите, сопругите, родителите и децата.

РАЗБУДЕТЕ СЕ!

Како да се најде компромис

Четири предлози што можат да ви помогнат тебе и на твојот сопружник да не се карате, туку да најдете заедничко решение.